Бабин Дол (поток)
поток во Таорската Клисура, Македонија
Бабин Дол — поток, односно мал постојан водотек (рекичка), десна притока на реката Вардар во Таорската Клисура, помеѓу селата Смесница, Страхојадица и Градовци и недалеку од Кадина Река. Извира во дол, веднаш источно под селото Градовци, под возвишенијата Церче и Грнчарица каде две помали поточиња се спојуваат во главниот водотек на Бабин Дол. Тече во источен правец и во месноста Дисавич излегува во мала рамнина, од каде тече под меѓународната железничка пруга Скопје - Велес, каде непосредно наспроти Ново Село се влева во Вардар. Потокот има постојан водотек и не пресушува, а зголемен водостој има во пролетните месеци по топење на снегот. Вкупната должина на водотекот на Бабин Дол изнесува нешто над 3 километри.
Бабин Дол | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Вардар |
Особености на сливот |
Галерија
уреди-
Потокот Бабин Дол
-
Потокот Бабин Дол