А бре воденичаре
„А бре воденичаре“ — македонска народна песна, напишана од непознат автор веројатно и стотици години пред повоениот период. Песната има двосмислен карактер, на страна од воочливите метафорички искази, во која што млада жена го моли насловниот воденичар да и го сомеле житото во неговата воденица. Воденичарот се колеба, дали затоа што не може да и помогне на жената, велејќи „воденицата вода ми нема“, или пак сака да изнуди нешто повеќе од неа. Од друга страна, можеби е жената таа која притаено се нуди, ветувајќи му се во замена за мелење на житото. Песната има јасен љубовен карактер.
„А бре воденичаре“ | |
---|---|
Песна од Петранка Костадинова, Александар Сариевски | |
Јазик | македонски |
Напишана | ? |
Објавена | ? |
Жанр | македонска народна музика |
Должина | 3:28 - 04:18 |
Композитор(и) | непознат, со разни современи аранжмани |
Одлики
уредиАранжманот на сите изведувачи е во карактеристичен 9/8 такт, испеана е од многу различни артисти, од кои најпопуларни се соло изведбите на Петранка Костадинова[1] и Голубинка Јакимовска, додека забележливи се двата дуети на Александар Сариевски со Петранка Костадинова, и со Васка Илиева[2]. Понови изведувачи се Анета Мицевска и Сузана Гавазова.[3]
Текст
уреди- А бре воденичаре, баш пријателе,
море мојте очи твои нека бидат,
сомели ми житото.
- Воденицата вода ми нема,
не ти мелам житото.
- Ајде воденичаре, баш пријателе,
море мојте солзи вода нека бидат,
сомели ми житото.
- Воденицата камен ми нема,
не ти мелам житото.
- Ајде воденичаре, баш пријателе,
море мојто лице твое нека биде,
сомели ми житото.
- Воденицата вода ми нема,
не ти мелам житото.
- Ајде воденичаре, баш пријателе,
море мојта снага твоја нека биде,
сомели ми житото.
- Воденицата вода ми има,
ќе ти мелам житото.
Наводи
уреди- ↑ на YouTube
- ↑ на YouTube
- ↑ „на pesna.org“. Архивирано од изворникот на 2020-10-17. Посетено на 2020-10-18.
Надворешни врски
уреди- А бре воденичаре (текст и музика) на pesna.org Архивирано на 17 октомври 2020 г.