Аљата — лут, солен сос од лук и зачини во италијанската кујна кој се користи за ароматизирање и додаток на месо на скара или варено, риба и зеленчук.[1][2][3] За првпат е приготвен во Стариот Рим и останал дел од кујната на Лигурија. Пората[4] е сличен сос подготвен со праз наместо лук.

Пржен карфиол со сос од аљата (десно)

Подготовка

уреди

Аљата се подготвува со издробен лук, маслиново масло, лебни трошки, оцет, сол и црн пипер. Лебните трошки се натопуваат во оцет, кој потоа се цеди, по што лукот се мати или се меша во смесата. Неговата подготовка вклучува емулзија на состојките за да се спречи раздвојување, што се изведува со додавање на маслиновото масло со бавно капење додека смесата постојано се меша. Главно се користи како додаток на печено или варено месо, риба и зеленчук.[1][2]

Историја

уреди

Потеклото на аљата датира од Стар Рим.[1] Опишан е како вкрстување на социјалните класи: типична селска храна што ја користат и луѓето од високата класа.[2] Венецијанскиот готвач од 14 век, изјавил дека аљата може да се сервира „со секаков вид месо“.[2]

Аљата се користи во кујната на Лигурија како додаток на месо и риба, и е опишан како „лигурска класика“.[3][5]

Слична храна

уреди

Сосот пората се подготвува со користење на сите состојки како во аљата, освен лукот, кој е заменет со праз.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 May, T. (2005). Italian Cuisine: The New Essential Reference to the Riches of the Italian Table. St. Martin's Press. стр. 25. ISBN 978-0-312-30280-1. Посетено на March 4, 2016.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Capatti, A.; Montanari, M.; O'Healy, A. (2003). Italian Cuisine: A Cultural History. Arts and Traditions of the Table: Perspe (италијански). Columbia University Press. стр. 36. ISBN 978-0-231-50904-6.
  3. 3,0 3,1 Crocetti, Adri Barr (April 18, 2015). „A Heritage Pasta“. L'Italo-Americano. Архивирано од изворникот на March 7, 2016. Посетено на March 4, 2016.
  4. PORRATA: Vocabolario della Crusca, Firenze – 4ª edizione (1729–1738)“. Архивирано од изворникот на 2020-10-31. Посетено на 2023-03-20.
  5. Bastianich, L.M.; Manuali, T.B. (2015). Lidia's Mastering the Art of Italian Cuisine. Knopf Doubleday Publishing Group. стр. pt1038. ISBN 978-0-385-34947-5.

Надворешни врски

уреди