Ајде поминувам, заминувам
македонска народна песна
„Ајде поминувам, заминувам“ — македонска народна песна од егејскиот дел на Македонија, првпат снимена во 1970-те од пејачката група „Бапчорки“ во состав: Лета Манева - Барџиева од село Бапчор (Костурско), Доца Доневска од село Бапчор (Костурско), Каланџева од село Дреновени (Костурско) и Лефтерија Шанкуша од село Саракиново (Воденско).
„Ајде поминувам, заминувам“ | |
---|---|
Песна од Пејачка група „Бапчорки“ | |
Јазик | македонски |
Објавена | 197? |
Жанр | македонска народна музика |
Композитор(и) | непознат |
Текстописец | непознат |
Во песната се споменува леринското село Бел Камен, како и убавата Грозда од која се бара да бојадиса две знамиња, едно за свадба, друго за борба.
Текст
уреди- Ајде поминувам, мори, заминувам,
- на Бел Камен починувам,
- на Бел Камен починувам.
- Ајде запитувам, мори, попитувам,
- дека седи калеш Грозда,
- дека седи калеш Грозда.
- Ајде калеш Грозда, мори, калеш Грозда,
- калеш Грозда вапцарката,
- калеш Грозда вапцарката.
- Ајде да ми вапца, мори, да ми вапца,
- да ми вапца два барјаци,
- да ми вапца два барјаци.
- Ајде еден зелен, мори, еден зелен,
- еден зелен, другиот црвен,
- еден зелен, другиот црвен.
- Ајде зелениот, мори, за на свадба,
- црвениот за на бојот,
- црвениот за на бојот.
Надворешни врски
уреди- Ајде поминувам, заминувам во изведба на пејачката група „Бапчорки“, стара снимка, на Јутјуб
- Ајде поминувам, заминувам во изведба на пејачката група „Бапчорки“, 1994, во живо на МТВ, на Јутјуб