Ајванхо (Росини)
Ајванхо ― пастиш опера од 1826 година во три чина со музика од Џоакино Росини за либрето на француски јазик од Емил Дешамп и Габриел-Гистав де Ваји, по истоимениот роман на Волтер Скот од 1819 година. Музиката била приспособена, со дозвола на композиторот, од музичкиот-издавач Антонјо Пацини од оперите на Росини, имено Семирамида, Пепелашка, Страчка крадливка и Танкреди со цел да ја воведе неговата музика во Париз. Испитувањето на партитурата покажува дека Пацини користел и музика од Бјанка и Фалјеро, Армида, Мехмед II, Аврелијан во Палмира, Сигисмунд, Торвалдо и Дорлиска, Мојсеј во Египет и количина на новокомпонирана музика вклучувајќи фанфари и галоп што подоцна бил станало познат по неговото вклучување во Вилијам Тел. Делото било премиерно изведено на 15 септември 1826 година, во театарот Одеон.[1][2]
Ајванхо Ivanhoé | |
---|---|
Пастиш опера од Џоакино Росини | |
Госпоѓица Лемур како Лејла | |
Либретист | |
Јазик | Француски |
Засновано на | Ајванхо на Волтер Скот |
Премиера | 15 септември 1826 |
Била изведена во Англија во 1829 година како Слугинка на Јуда со музика аранжирана од Мајкл Рофино Лејси, кој исто така го превел и ревидирал изворното либрето на Дешан и Де Ваји. Лејсиевата верзија била изведена и во Њујорк во Парковиот театар во 1832 година.[3][4] Првата изведба на Ајванхо во денешно време била на фестивалот Дела Вале д'Итрија во 2001 година.[5]
Улоги
уредиУлога | Вид на глас | Премиерен состав, 15 септември 1826 година (диригент : -) |
---|---|---|
Ајванхо | тенор | Леконт |
Лејла | сопран | Лемул |
Брајeн де Боагилбер | бас | Леклер |
Исмаел | баритон | Леон |
Седрик | баритон | V Адолф |
Ле Маркиз Лика де Боманоар | бас | Шарл |
Албер де Малвоазен | тенор | Пејроне |
Предвесник | тенор | Масо |
Тјери | без глас |
Снимки
уреди- Росини: Ајванхо – Сајмон Едвардс (Ајванхо), Инга Балабанова (Лејла), Сон-Вон Канг (Брајан де Буисгилбер), Филипо Мораче (Исмаеле), Масимилијано Кјарола (Седрик); Камерниот хор на Братислава и Orchestra Internazionale d'Italia под диригентство на Паоло Аривабени. Снимање во живо од настапот во 2001 година на Фестивалот дела Вале д'Итрија. Ознака: Dynamic CDS397
Наводи
уреди- ↑ Osborne, Richard (1986). Rossini. London: Dent. стр. 72–3. ISBN 0-460-03179-1.
- ↑ Everist, Mark (2002). Music Drama at the Paris Odéon, 18241828. pp. 182-187. University of California Press. ISBN 0520928903
- ↑ The Theatrical observer and, Daily bills of the play (Volume 1832 v. 3 no.3361-3445:(22 септември 1832-31 декември1832))
- ↑ Предлошка:Almanacco
- ↑ Pugliaro, Giorgio (ed.) (2007). Opera 2007. Annuario dell'opera lirica in Italia, p. 333. EDT srl. ISBN 8860401828 (на италијански)
Надворешни врски
уреди- Комплетна партитура во Проектот за меѓународна библиотека за музички партитури