Африканската кралица
„Африканската кралица“ (англиски: The African Queen) — британско-американски филм од 1951 година, во режија на Џон Хјустон (John Huston). Автор на сценариото е Џејмс Аги (James Agee) врз основа на истоимениот роман на Форестер. Главните улоги ги толкуваат: Хемфри Богарт, Кетрин Хепберн (Katharine Hepburn), Роберт Морли (Robert Morley), Питер Бул (Peter Bull), Теодор Бајкел (Theodore Bikel) и Волтер Готел (Walter Gotell). Филмот е едно од најпознатите остварувања на американската кинематографија и денес се смета за ремек-дело. Тој претставува комбинација на авантуристички филм и романтична комедија, а се одликува со специфичниот хјустоновски хумор, со суптилно психолошко нијансирање на ликовите и со ироничен третман на нивните односи. Исто така, тој се смета за класичен „глумечки филм“ во кој се истакнуваат Хепберн и Богарт при што за Богарт ја освоил наградата „Оскар“ (за најдобра машка главна улога), а и Хепберн била номинирана за оваа награда.[1]
Содржина
уредиДејствието на филмот се одвива во Конго, во 1915 година, за време на Првата светска војна. Една средовечна мисионерка, немажена, најмува еден трговец (инаку алкохоличар) да ја пренесе со својот брод (наречен „Африканската кралица“) до нејзината мисија. Нивното патување по опасната река е исполнето со разни незгоди. Иако припаѓаат на различни општествени слоеви, наспроти бројните несогласувања и разлики, тие набргу се спријателуваат, а потоа, пријателството се претвора во љубов. При крајот на патувањето, тие се принудени уште да војуваат против германската воена морнарица...