Аферим! (филм од 2015)
„Аферим!“ — романски филм од 2015 година, во режија на Раду Јуде, кој е автор и на сценариото, заедно со Флорин Лазареску. Главните улоги ги играат: Теодор Корбан, Михај Команоју, Тома Кузин и Александру Дабижа. Филмот бил прикажан на неколку филмски фестивали при што освоил неколку награди, како: Сребрена мечка за режија на Берлинскиот фестивал и најдобар долгометражен филм на 9. Вуковарски филмски фестивал.[1]
Синопсис
уредиДејството на филмот се одвива кон крајот на XIX век. Костандин (го игра Корбан) е заптија кој е изнајмен од болјарот Јордаке (го игра Дабижа) за да го пронајде избеганиот роб Карфин (го игра Кузин). Костандин заминува во потрага по робот заедно со својот син Јоница (го игра Команоју), а патем му го пренесува своето богато искуство, давајќи му бројни совети. Најпосле, тие го наоѓаат Карфин, кој ги моли да го пуштат, правдајќи се дека не е виновен, туку вината лежи во сопругата на Јордаке која го завела. Заедно со Карфин, заптиите заробуваат и едно дете-Циганче кое подоцна го продаваат на пазар. На Јоница му паѓа жал за Карфин и го моли својто татко да го пуштат, но Костандин не попушта, зашто сака чесно да си ја врши работата. Сепак, тој му ветува на Карфин дека ќе го замоли Јордаке да го казни поблаго. Кога пристигаат во домот на Јордаке, Костандин разговара со болјарката, а таа му признава дека Карфин не е виновен за нејзиното неверство. Врз основа на тоа, Костандин го замолува Јордаке да не го мачи робот Карфин, но навредениот Јордаке го кастрира Карфин.[2]