Афанасиевска култура
Афанасиевска култура (руски: Афанасьевская культура), е рана археолошка култура во јужен Сибир, на просторот од Минусинската котлина и Алтајските Планини за време на енеолитот, ок. 3300 до 2500 п.н.е. Наречена е по блиската планина, Гора Афанасиева (руски: Гора Афанасьева) во Боградскиот реон, Хакасија, Русија, а први археолошки ископувања се вршени од Сергеј Теплоухов во 1920-1929.[1]
Афанасиево и другите современи култури ок. 3000 BC. | |
Географски опфат | Јужен Сибир |
---|---|
Години | 3300 п.н.е. — 2500 п.н.е. |
Според Дејвид В. Ентони, населението од Афанасиево потекнувало од луѓе кои мигрирале ок. 3700–3300 п.н.е. низ Евроазиската степа од пре-Јамната Репинска култура од регионот на реките Дон-Волга.[2] Се смета за „наметната од запад“ во однос на претходните локални сибирски култури.[3] Според Ентони, „миграцијата на Афанасиевската култура во Алтај ја извршиле луѓе со Репински тип на материјална култура, веројатно од регионот на средна Волга-Урал.“[2]
Поради географската локација и датирањето, Ентони и други претходни научници како Лев Клејн, Џ. П. Мелори и Виктор Х. Меер ги поврзуваат луѓето од Афанасиево со пратохарскиот јазик.[4][5][6][7]
Наводи
уреди- ↑ Vadetskaya, E.; Polyakov, A.; Stepanova, N. (2014). The set sites of the Afanasievo culture. Barnaul: Azbuka.
- ↑ 2,0 2,1 Anthony, David W. (26 July 2010). The Horse, the Wheel, and Language: How Bronze-Age Riders from the Eurasian Steppes Shaped the Modern World. Princeton University Press. стр. 305–310. ISBN 978-1400831104. Посетено на 18 January 2015.
- ↑ Fagan, Brian M. (5 December 1996). The Oxford Companion to Archaeology (англиски). Oxford University Press. стр. 644–645. ISBN 978-0-19-977121-9.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеEOIC
. - ↑ Anthony, David W. (26 July 2010). The Horse, the Wheel, and Language: How Bronze-Age Riders from the Eurasian Steppes Shaped the Modern World. Princeton University Press. стр. 264–265, 308. ISBN 978-1400831104. Посетено на 18 January 2015.
- ↑ Mallory, J. P.; Mair, Victor H. (2000). The Tarim Mummies: Ancient China and the Mystery of the Earliest Peoples from the West. London: Thames & Hudson. ISBN 0-500-05101-1.
- ↑ Клейн Л. С. Миграция тохаров в свете археологии // Stratum plus. Т. 2. С. 178—187.