Ботајска култура
Ботајската култура е праисториска археолошка култура (ок. 3700–3100 п.н.е.)[2] во северниот дел на Средна Азија. Наречена е по населбата Ботај во денешен северен Казахстан. Ботајската култура има и две други големи наоѓалишта: Красни Јар и Василковка.[3]
Ботајската и другите современи култури ок. 3000 BC.[1] | |
Раздобје | Бронзено време |
---|---|
Години | ок. 3700 п.н.е. - 3100 п.н.е. |
Археологија
уредиБотајската култура се појавила со преминот од номадски начин на живот на ловците-собирачи на храна кои се исхранувале со разновиден дивеч во седентерен начин на живот со исхрана која главно се потпирала на коњско месо. Ботајските населби се состоеле од јамни куќи и биле релативно големи и постојани, од кои најголемата е населбата кај Ботај со над 160 куќи. Населението од Ботајската култура се поврзува со најраните докази за одгледување на коњи. Во и околу Ботајските населби се пронајдени огромни количества на коњски коски, што сугерира дека Ботајците чувале, па дури и го припитомиле коњот. Археолошките податоци укажуваат дека Ботајците биле седентерни сточари.[4]
Голем број на истражувачи тврдат дека коњот бил припитомен локално од Ботајците.[5][6][5][7][8][9][10][11] Претходно се мислело дека повеќето остатоци од коњи потекнуваат од дивиот коњ, Equus ferus, кој бил ловен со лакови, стрели и копја. Сепак, доказите од 2009 за садови кои содржеле млеко од кобила и коњски коски се показател дека коњите биле одгледувани после припитомувањето околу 3,500 п.н.е., што е околу 1,000 години порано од што претходно се мислело. Ботајските коњи се предци на Пржевалскиот коњ, и придонесуваат со 2.7% во потеклото на современите домашни коњи. Тоа значи дека современите коњи биле припитомени во други центри.[12]
Сепак, поновите студии кои го анализирале забниот камен кај човечките остатоци сугерираат отсуство на конзумација на млечни производи помеѓу Ботајците, што ги отфрла претходните заклучоци за молзење на кобилите врз основа на присуството на животински масти на пронајдената керамика.[13]
Damgaard et al. (2018) потврдиле дека Ботајските коњи не се предци на современиот домашен коњ Equus caballus, но сепак биле припитомени.[14]
Иако Ботајската култура е современа со другите металопреработувачки култури од бакарното и раното бронзено време од Евроазиската степа, не постојат докази за металургија во Ботајските населби. Алатките биле произведувани од камења и коњски коски.[8]
Наводи
уреди- ↑ Jeong, Choongwon; Wang, Ke; Wilkin, Shevan (12 November 2020). „A Dynamic 6,000-Year Genetic History of Eurasia's Eastern Steppe“. Cell. 183 (4): 890–904, Figure 1 A, B, C. doi:10.1016/j.cell.2020.10.015. ISSN 0092-8674. PMC 7664836 Проверете ја вредноста
|pmc=
(help). PMID 33157037 Проверете ја вредноста|pmid=
(help). - ↑ Mair, Victor H.; Hickman, Jane (8 September 2014). Reconfiguring the Silk Road: New Research on East-West Exchange in Antiquity. University of Pennsylvania Press. стр. 15. ISBN 978-1934536698. Посетено на 13 June 2015.
- ↑ Olsen, Sandra; Bradley, Bruce; Maki, David; Outram, Alan (2006). „Community organisation among Copper Age sedentary horse pastoralists of Kazakhstan“. Во Peterson, D. L. L.M.; Popova, L. M.; Smith, A. T. (уред.). Beyond the Steppe and the Sown: proceedings of the 2002 University of Chicago Conference on Eurasian Archaeology (PDF). Colloquia Pontica #13. Leiden: Brill. стр. 89–111. ISBN 978-90-04-14610-5. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-07-30. Посетено на 2024-08-17.
- ↑ Olsen, Sandra (27 June 2014). „The Early Horse Herders of Botai“. KU Biodiversity Institute & Natural History Museum (англиски). Архивирано од изворникот 1 May 2015. Посетено на 16 September 2021.
- ↑ 5,0 5,1 Outram, Alan K.; и др. (6 March 2009). „The Earliest Horse Harnessing and Milking“. Science. 323 (5919): 1332–35. Bibcode:2009Sci...323.1332O. doi:10.1126/science.1168594. ISSN 0036-8075. PMID 19265018. S2CID 5126719.
- ↑ Outram, A.K. (1 April 2014). Cummings, Vicki; Jordan, Peter; Zvelebil, Marek (уред.). The Oxford Handbook of the Archaeology and Anthropology of Hunter-Gatherers. Oxford University Press. стр. 749–66. doi:10.1093/oxfordhb/9780199551224.001.0001. ISBN 9780199551224.
- ↑ Zaibert, V. F. (2009). Botaiskaya Kultura.
- ↑ 8,0 8,1 Anthony, David W.; Brown, Dorcas R. (2011). „The Secondary Products Revolution, Horse-Riding, and Mounted Warfare“. Journal of World Prehistory. 24 (2/3): 131–60. doi:10.1007/s10963-011-9051-9. JSTOR 41289965. S2CID 39814042.
- ↑ Olsen, Sandra L.; Grant, Susan; Choyke, Alice M.; Bartosiewicz, László, уред. (2006). Horses and Humans: The Evolution of Human-Equine Relationships. Ann Arbor, MI: University of Michigan Press. doi:10.30861/9781841719900. ISBN 978-1-84171-990-0.
- ↑ Gaunitz et al. (2018), Supplementary Material pp. 2, 7-9,20-1.
- ↑ Damgaard et al. (2018), Supplementary Material p. 3.
- ↑ Gaunitz et al. (2018), Supplementary Material pp. 7-9,20-1.
- ↑ Wilkin, Shevan; и др. (2021). „Dairying enabled Early Bronze Age Yamnaya steppe expansions“ (PDF). Nature. 598 (7882): 629–633. Bibcode:2021Natur.598..629W. doi:10.1038/s41586-021-03798-4. PMC 8550948 Проверете ја вредноста
|pmc=
(help). PMID 34526723 Проверете ја вредноста|pmid=
(help). - ↑ Gaunitz et al. (2018), Supplementary Material pp. 8-9.
Библиографија
уреди- Damgaard, Peter de Barros; и др. (9 May 2018). „The first horse herders and the impact of early Bronze Age steppe expansions into Asia - Supplementary Material“ (PDF). Science. 360 (6396). doi:10.1126/science.aar7711. PMC 6748862. PMID 29743352.
- Gaunitz, A.; и др. (22 February 2018). „Ancient genomes revisit the ancestry of domestic and Przewalski's horses“ (PDF). Science. 360 (6384): 111–114. Bibcode:2018Sci...360..111G. doi:10.1126/science.aao3297. hdl:10871/31710. PMID 29472442. S2CID 3491575.
Надворешни врски
уреди- „Botai discovery announcement“. Carnegie Mellon University.