Аурелиу Чокој
Аурелиу Чокој (роден на 5 јуни 1968, Кишинев) — молдавски дипломат, кој служеше како вршител на должноста премиер на Молдавија од 31 декември 2020 година и како министер за надворешни работи од 9 ноември 2020 година.[1] Тој исто така служел како министер за надворешни работи во 2019 година и пред тоа како амбасадор во Германија, Данска, Кина и САД.[2][3][4][5]
Аурелиу Чокој | |
---|---|
ВД Премиер на Молдавија | |
На должноста | |
Стапил 31 декември 2020 | |
Претседател | Маја Санду |
Претходник | Јон Кику |
Министер за надворешни работи и европска интеграција на Молдавија | |
На должноста | |
Стапил 9 ноември 2020 | |
Претседател | Игор Додон Маја Санду |
Премиер | Јон Кику Себеси (ВД) |
Претходник | Олег Шулеа |
На должноста 14 ноември 2019 – 16 март 2020 | |
Претседател | Игор Додон |
Премиер | Јон Кику |
Претходник | Нику Попеску |
Наследник | Олег Шулеа |
Советник на претседателот на Молдавија за надворешна политика | |
На должноста 26 април 2018 – 14 ноември 2019 | |
Претседател | Игор Додон |
Претходник | Андреј Негута |
Наследник | Кристина Балан |
Амбасадор на Молдавија во САД | |
На должноста јули 2017 – ноември 2017 | |
Претседател | Игор Додон |
Претходник | Игор Мунтеану |
Наследник | Cristina Balan |
Амбасадор на Молдавија во Кина и Виетнам | |
На должноста јуни 2015 – јуни 2017 | |
Претседател | Николае Тимофти Игор Додон |
Претходник | Анатоли Уречеану |
Наследник | Денис Јелималаи |
Амбасадор на Молдавија во Германија и Данска | |
На должноста јули 2010 – јули 2015 | |
Претседател | Михаи Гимпу (ВД) Владимир Филат (ВД) Маријан Лупу (ВД) Николае Тимофти |
Претходник | Игор Корман |
Наследник | Олег Серебријан |
Лични податоци | |
Роден(а) | 5 јуни 1968 Кишинев, Молдавска ССР, СССР |
Деца | 1 |
Професија | дипломат |
Чиочои бил именуван за вршител на должноста премиер на 31 декември 2020 година откако Јон Кику, кој поднесол оставка една недела порано, одбил да остане на функцијата вршител на должноста додека не се формира нова влада.[6][7][8]
Биографија
уредиАурелиу Чокој е роден на 5 јуни 1968 година во Кишинев. Завршил во oсновното и sредно училиште бр.11 (денес Лицеум „Јон Креанг“).[9] Од 1986 до 1988 година бил војник на Советските гранични трупи на КГБ. Помеѓу 1985 и 1992 година студирал на Факултетот за новинарство и комуникациски науки на Државниот универзитет во Молдавија. Од 1992 до 1994 година студирал на Факултетот за меѓународни односи на Националниот универзитет за политички студии и јавна администрација во Букурешт, Романија. Додека студирал на универзитетот, работел во Централното издаваштво во Кишину.
По распадот на Советскиот Сојуз, тој стана новинар на неколку дневни весници.[10] Тој работел како амбасадор во Германија и Данска од 2010 до 2015 година, како и во Кина и Виетнам од 2015 до 2017 година. Тој исто така кратко служеше и како амбасадор во САД во 2017 година. Од 2018 до 2019 година тој бил советник на претседателот Игор Додон за надворешно-политички прашања. Откако се повлекол од кабинетот на 9 ноември, тој беше назначен за министер за надворешни работи уште еднаш. На 31 декември 2020 година, претседателот Маја Санду го назначи за привремен премиер, откако премиерот Јон Кику поднесе оставка на 23 декември.
Личен живот
уредиТој е оженет и има едно дете. Зборува течно романски, руски, англиски, германски и француски јазик. Тој бил спортист во 80те години на минатиот век, беше спортски мајстор на СССР и член на репрезентацијата на Молдавија за јуниори во стрелање. Неговите хобија вклучуваат филозофија, литература и театар.[10]
Наводи
уреди- ↑ Necșuțu, Mădălin (9 November 2020). „Chicu Reshuffles Moldovan Govt Ahead of Presidential Run-Off“. BalkanInsight. Посетено на 14 February 2021.
- ↑ „Moldovan acting president signs decrees appointing new ambassadors“. Архивирано од изворникот на 2012-03-08. Посетено на 2010-08-19.
- ↑ „Four more Moldovan ambassadors accepted - Moldova Azi“. www.azi.md. Архивирано од изворникот на 2012-03-03. Посетено на Apr 1, 2021.
- ↑ Timpul de dimineață, Cine ne sunt ambasadorii? (FOTO)
- ↑ „Игорь Додон представил коллективам трех новых министров“. president.md. Архивирано од изворникот на 2019-11-16. Посетено на Apr 1, 2021.
- ↑ „Maia Sandu l-a numit premier interimar pe Aureliu Ciocoi“. www.moldpres.md. Посетено на Apr 1, 2021.
- ↑ „Președintele Republicii Moldova, Maia Sandu, a semnat decretul de numire în calitate de premier interimar a domnului Aureliu Ciocoi“. www.presedinte.md. Посетено на Apr 1, 2021.
- ↑ Reuters Staff (Dec 31, 2020). „UPDATE 1-Moldova president appoints acting prime minister“. Посетено на Apr 1, 2021.
- ↑ „| Ministry of Foreign Affairs and European Integration of the Republic of Moldova“. mfa.gov.md (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-05-08. Посетено на 2021-02-06.
- ↑ 10,0 10,1 „Aureliu Ciocoi - [node:field-job-position:i18n-name] | Government of Republic of Moldova“. gov.md. Посетено на 2021-02-06.