Аудиометар
Аудиометар – мерен инструмент или уред за испитување на сетилото за слух. Ракувањето со уредот изискува познавање на постапката за испитување[1]
Составни делови на аудиометарот
уредиАудиометарот најчесто се состои од следните делови:
Аудиометрија
уредиАудиометрија е мерење на осетливоста на слухот. Постојат две главни методи: испитување со помош на чисти тонови и испитување со помош на говор.
Со првиот метод се одредува најниската јачина на звукот која испитаникот ја чувствува за поедина честота. Се врши со помош на аудиометар, електроакустичен апарат кои произведува тонови на честоти до 12 kHz и со јачина до 120 dB. Графичкиот запис е крива, која во координатниот систем (честотата на апсцисата, а јачината на ординатата) ги изразува осетните прагови за поедините тонски висини и така ја покажува чујната осетливост, а се нарекува аудиограм.
Со вториот метод се утврдува границата на примање на говор (на испитаникот му се претставуваат зборови со различна јачина сè додека не се најде онаа јачина на звукот при која испитаникот ги слуша и може да повтори половина од зборовите). Кај лица кои не можат свесно да учествуваат во проверката (на пример мали деца) се мерат промените на мозочните бранови и другите телесни одговори на звучна надразба.[2]
Аудиограм
уредиАудиограм е графички приказ на чујната осетливост за различни честоти на звукот.[3]
Наводи
уреди- ↑ audiometar, [1] "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2016.
- ↑ audiometrija, [2] "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2016.
- ↑ audiogram, [3] "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2016.
Надворешни врски
уреди- National Physical Laboratory[мртва врска] Guidelines on Audiometric Calibration
- MedlinePlus Encyclopedia 003341