Ат Тур
Ат Тур (арапски :الطور) е населба која се наоѓа во Ерусалим, на маслиновата гора, источно од стариот град. Оваа населба се наоѓа во Источен Ерусалим, територија која била вклучена во Израел по шестдневната војна од 1967 година. Во оваа населба живеат околу 18 500 жители, претежно муслимани, и мал број на христијани. Во оваа населба се наоѓа болницата „Августа Викторија“.