Атмејдански инцидент
Атмејданскиот инцидент претставувал бунт во времето на стагнацијата на Османлиското Царство. Името Атмејдани на турски го означува плоштадот Султанахмед или хиподромот во денешниот град Истанбул.
Атмејдански инцидент | |||||
---|---|---|---|---|---|
Дел од Востанија против Османлиското Царство | |||||
Поглед кон денешниот плоштад |
|||||
|
|||||
Завојувани страни | |||||
*Јаничари | Османлиско Царство | ||||
Сила | |||||
непознато | непознато | ||||
Жртви и загуби | |||||
непознато | непознато | ||||
непознато |
Заднина
уредиСултанот Ибрахим I на 12 август 1648 година бил симнат од престолот а потоа и убиен од бунтовниците. На негово место застанал неговиот шестгодишен син Мехмед IV. По стапувањето на престолот на еден султан било обичај да се подарат парични средства на војниците, но земјата во тоа време се наоѓала во криза поради војната со Венеција за Крит и регентите на султанот не биле во можност да ги исплатат на војниците. Најмногу се побунила главната коњаница на армијата.
Инцидент
уредиПо два месеци од стапувањето на престолот на Мехмед, неговите регенти решиле да ги испратат спахиите на Крит. Но наместо тоа налутените спахии се вратиле во престолнината за да си ги заштитат своите права, а кон нив се придружиле и дел од жителите на градот. Тие се упатиле кон денешниот плоштад Султанахмед. Според некои историчари овој протест бил тајно поддржан од Косем султан како мајка на поранешниот султан Ибрахим. Иако портата ги исполнила нивните барања тие како услов да се повлечат доставиле дополнителни барања, како на пример да се разрешат дел од везирите. Властите испратиле двајца државници за да разговараат со толпата, но еден од нив кој бил член на јаничарскиот корпус бил убиен од толпата. По овој настан јаничарите ги обвиниле на спахиите и започнале улични пресметки каде јаничарите победиле[1][2].
По овој настан јаничарите добиле голема моќ и самите тие започнале немири во Истанбул. Проблематичните години на империјата продолжиле до почетокот на т.н. Ќопрулски период во 1656 година.
Наводи
уреди- ↑ Niclolae Jorga: Geschiste des Osmanichen, ( trans. Nilüfer Epçeli) Vol 3,Yeditepe yayınları İstanbul, 2009, ISBN 975-6480-21-1 p 63
- ↑ Halil İbrahim İnal: Osmanlı Padişahları,Nokta Kitap, İstanbul, 2007, ISBN 978-9944-1-7437-4 p 322