Атанас Димитров Белчев (Русиново, Беровско - Русиново, Беровско, 1906) — даскал и револуционер, малешевски војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Атанас Белчев
Роден Русиново, Беровско
Починал 1906
Русиново, Беровско

Животопис

уреди

Белчев е роден во малешевското село Русиново. Завршил средно образование и многу години учителствувал низ Малешевијата. Стапил во ВМОРО.

Во 1897 година Белчев учествувал во создавањетото работилницата за оружје на организацијата во пијанечкото село Саблар. Во 1903 година учествувал во Илинденското востание со четата на Христо Чернопеев.

По востанието во 1906 година Белчев станал раководител на Малешевската револуционерна околија.[1]

На 29 октомври 1910 година четата на војводата Белчев водел борба со првата дружина на античетническиот отред (авџи табур). Битката завршила без победник.[2]

Наводи

уреди
  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 18.
  2. Дебърски глас, година 2, брой 28, 7 ноември 1910, стр. 4.