Атанас Албански
Атанас Јакимов Албански — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, војвода и деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешна македонска револуционерна организација.[1]
Атанас Албански | ||
Роден | 1880 Горно Јеловце, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 30 ноември 1943 Софија, Бугарија |
Животопис
уредиАлбански е роден во 1880 година во гостиварското село Горно Јеловце. Завршува скопското егзархиско педагошко училиште и станува егзархиски учител во Скопје. Влегува во ВМОРО, и од страна на Организацијата бил избран за член на Скопскиот окружен револуционерен комитет. Во Илинденското востание учествувал како војвода на чета во Тетовско и Гостиварско. По востанието, во 1904 година бил избран за секретар на четата на војводата Ванчо Србаков, а во 1907 година, бил секретар на четата на војводата Иван Аљабакот.
По Првата светска војна од 1928 до 1934 година бил назначен за полномошник на Централниот комитет на ВМРО во Петрич.[2] Починал во Софија, Бугарија, во 1943 година.[1]