Атанасиос Минопулос
Атана̀сиос Мино̀пулос (грчки: Αθανάσιος Μινόπουλος) бил андартски капетан, и учесник во Борба за Македонија.
Атанасиос Минопулос | ||
Роден | 1 јануари 1874 Варвара, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починал | 1962 Солун, Егејска Македонија |
Животопис
уредиМинопулос е роден во сиромашно семејство на 1 јануари 1874 година во халкидичкото село Варвара, тогаш во Османлиското Царство. Во текот на целиот свој живот остана неписмен. Учествувал во Грчко-турската војна од 1897 година како доброволец во инженерски баталјон.
Со засилувањето на грчката вооружена пропаганда зема учество во Борбата за Македонија. Во 1903 година го снабдувал грчкото конзуларство во Солун со податоци за доставувањето на оружје од страна на Македонската револуционерна организација за нејзините чети. Во 1904 година станал андартски капетан, а со неја дејствувал сè до 1908 година во Серско и Халкидичкот полуостров [1] .
Во 1912 година учествувал во Првата балканска војна под команда на Константинос Мазаракис. Во 1938 година Минопулос го добил Медалот на македонската борба. Умира во Солун во 1962 година.
Извори
уреди- ↑ „Ο μακεδονομάχος Αθανάσιος Μινόπουλος“. Архивирано од изворникот на 2020-08-06. Посетено на 2011-01-26.