Астрид Фагреус
Астрид Елса Фагреус-Валбом (шведски: Astrid Elsa Fagraeus-Wallbom; 30 мај 1913 во Стокхолм — 24 февруари 1997)[1] —шведски имунолог.
Астрид Фагреус | |
---|---|
Роден(а) | 30 мај, 1913 |
Починал(а) | 24 февруари, 1997 |
Националност | швеѓанка |
Академска работа | |
Гранка | имунолог |
Значајни дела | Antibody Production in relation to the Development of Plasma Cells |
Образование и кариера
уредиФагреус добила докторат по медицина во 1948 година на Каролинскиот Институт. Во 1949 година била назначена за вонреден професор по бактериологија на Каролинскиот Институт во Стокхолм. Таа станала директор на одделот за вирологија во Шведската бактериолошка лабораторија во 1953 година. Во 1965 година станала првиот шведски професор по имунологија, на Каролинскиот Институт, и таму работела до 1979 година.[1][2][3]
Научна работа
уредиВо 1947 година, таа објавила труд во Nature во кој покажува дека во исто време кога се произведуваат антителата, плазма клетките се создаваат во слезините кај зајаците. Со низа експерименти во нејзината докторска работа, таа покажала дека антителата се лачат од плазма клетките.[4][5]
Докторската работа на Фагреус, „Производство на антитела во релација со развојот на плазма клетките“, привлекла меѓународно внимание и се смета за пресвртница во модерната имунологија. Во оваа работа, таа била првата што покажа дека плазма клетките произведуваат антитела (IgG).[3][6] Дотогаш нивната функција била непозната. Во текот на нејзината кариера објавила околу 80 научни публикации и била особено фокусирана на развојот и созревањето на Т-лимфоцитите во тимусот (градната жлезда). Меѓу подоцнежните придонеси на Фагреус спаѓа нејзината улога во развојот на шведската вакцина против детска парализа, заедно со професорот Свен Гард.[2]
Награди и почести
уредиНејзината докторска работа била проследена со „Јубилејната награда“ на Шведското медицинско друштво во 1950 година. Американското здружение на имунолозите ја назначило Астрид Фагреус за почесен член во 1973 година. Истражувачки оддел во Каролинскиот Институтот е именуван по Астрид Фагреус.[3][7][8]
Личен живот
уредиФагреус била ќерка на генералниот конзул Исидор Фагреус и Елза Бекстром. Во 1955 година се омажила за режисерот Свен Валбом и имала две деца, Керстин (родена 1955 година) и Ен (родена 1956 година). Таа е погребана на гробиштата во Солна, Стокхолм.[1][2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 AB, Eniac Data. „Sök gravsatt på SvenskaGravar.se“. www.svenskagravar.se (шведски). Посетено на 2020-07-21.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Norberg, Renée; Biberfeld, Gunnel; Wigzell, Hans (1998). „Astrid Fagraeus, 1913–1997“. Scandinavian Journal of Immunology (англиски). 47 (1): 91–91. doi:10.1046/j.1365-3083.1998.00287.x. ISSN 1365-3083.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Paediatrica, Rolf Zetterström Acta (2007-03-10). „Kvinnliga pionjärer banade väg för dagens allt fler kvinnliga läkare“. Läkartidningen (шведски). Посетено на 2020-07-21.
- ↑ Fagraeus, Astrid (1947-04). „Plasma Cellular Reaction and its Relation to the Formation of Antibodies in vitro“. Nature (англиски). 159 (4041): 499–499. doi:10.1038/159499a0. ISSN 1476-4687. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „The First Century of Women in Vaccine Science: 1940s-1960s (Part 2)“. Absolutely Maybe (англиски). 2021-08-31. Посетено на 2021-11-16.
- ↑ Mitchell, Fernando (2020-07-01). „History of Immunology - Immune Response“. RR School Of Nursing (англиски). Посетено на 2020-07-21.
- ↑ „Astrid Fagræus laboratory (KM-F) | Karolinska Institutet“. ki.se (англиски). Посетено на 2020-07-21.
- ↑ Silverstein, Arthur M. (2009). A history of immunology (2. изд.). Amsterdam: Academic Press/Elsevier. ISBN 978-0-08-091946-1. OCLC 429896568.