Аслан Масхадов (чеченски: Аслан Али кант Масхадан) (21 септември 1951 - 8 март 2005) — водач на чеченските сепаратистички бунтовници и трет претседатеч на Чеченска република Ичкерија.

Аслан Масхадов
3ти Претседател на Ичкерија
На должноста
12 февруари 1997 – 8 март 2005
Претходник Зелимкан Јандарбиев
Наследник Абдул-Халим Садулаев
Лични податоци
Роден(а) 21 септември 1951
Караганда, СССР
Починал(а) март 8, 2005(2005-03-08) (возр. 53)
Толстој-Јурт, Чеченија
Националност Чеченец
Партија Демократска партија
Професија офицер
Вероисповед Ислам[1]
Потпис

Аслан Масхадов бил еден од најзаслужните во победата на чеченските сили во текот на Првата чеченска војна по чиј крај де факто била создадена независна Ичкерија. За претседател на Чеченија бил избран во јануари 1997 година. По започнувањето на Втората чеченска војна во 1999 година, тој повторно се вратил кон герилскиот отпор против руската армија. Масхадов бил убиен во Толстој-Јурт, во март 2005 година.

Директорот на руската Федерална служба за безбедност Николај Патрушев, изјавил дека во специјална операција во Толстој-Јурт во Чеченија дека е ликвидиран “меѓународниот терорист” Аслан Масхадов. Руските власти го обвиниле Масхадов за серија смртоносни напади во Русија, вклучувајќи го и киднапирањето во Беслан во кое загинале преку 300 заложници, од кои половината биле деца.

Наводи

уреди
  1. Vatchagaev, Mairbek (2005). „The role of Sufism in the Chechen resistance“. North Caucasus Analysis. Jamestown Foundation. 6 (16). |access-date= бара |url= (help)