Аскум
Аскум — војсководец во Византија, кој служел на почетокот на владеењето на Јустинијан I (527–565). Тој бил задолжен за Преторијанската префектура Илирија. Неговото име се спомнува од Јован Малала. Двајцата Теофан Исповедник и Георги Кедрин го именуваат како Акум.[1]
Животопис
уредиАскум наводно бил хун и кумашин на Јустинијан I. Современите историчари сметаат дека „Хуните“ од првите извори се всушност бугари.[1] Патрик Амори смета дека името Аскум е со германско потекло.[2] Аскум првпат во изворите се споменува во 528 година, кога веќе ја поседувал титулата стрателат на Преторијанската префектура Илирија. Неговата титула на латински ќе бидем магистер милитум.[1]
Во 528 година, Аскум ги здружил силите со Константиол и Годила против инвазијата на Хуните/Бугарите. Кои миинале низ Скитија (Мала Скитија) и Мизија, напаѓачите во тие моменти ја ограбувале Тракија.[1][3][4] Византиската армија поразила една група од напаѓачите.[1]
Кус период по нивната победа, византиските сили биле фатени во заседа и нападнати од втора група напаѓачи. Аскум и Константиол биле заробени во текот на битката. Константинол бил откупен од заробувачите, додека пак Аскум „бил одведен во заробеништво“. Не се спомнува никаде по овој настан и не се знае ништо за неговатан судбина.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Martindale, Jones & Morris (1992), p. 136
- ↑ Amory, p.484 : "Other Byzantine officers active in the Balkans and bearing Germanic names included Baduarius (Scythia) dux Scythiae, Ascum MVM per Illyricum ... and Chilbudius MVM per Thracias"
- ↑ Martindale, Jones & Morris (1992), p. 163-164
- ↑ Martindale, Jones & Morris (1992), pp. 748
Извори
уреди- Amory, Patrick (2003). People and Identity in Ostrogothic Italy, 489-554. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-52635-7.
- Martindale, John R.; Jones, A.H.M.; Morris, John (1992), The Prosopography of the Later Roman Empire, Volume III: AD 527–641, Cambridge University Press, ISBN 0-521-20160-8