Ардино (бугарски: Ардино) — град во Југоисточна Бугарија, административен центар на општината Ардино во Крџалиската Област. Има население од 6.199 жители (2022).[1]

Ардино
Ардино
град
Поглед на градот
Поглед на градот
Ардино is located in Бугарија
Ардино
Ардино
Местоположба на Ардино во Бугарија
Координати: 42°35′51″N 26°41′29″E / 42.597402° СГШ; 26.691376° ИГД / 42.597402; 26.691376
ЗемјаБугарија
ОбластКрџали
ОпштинаАрдино
Управа
 • ГрадоначалникИзет Шабан (ДПС)
Површина
 • Вкупна17,928 км2 (6,922 ми2)
Надм. вис.&10000000000000684000000684 м
Население (2022)
 • Вкупно4.512
 • Густина0,25/км2 (0,65/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код6750
Повик. бр.+359 03651
Мреж. местоardino.bg

Географија и местоположба

уреди

Градот е сместен во источните Родопи. Се наоѓа на 31 километри западно од регионалниот центар на Крџали и на и 53 километри од Смољан.

Историја

уреди

Под османлиска власт Ардино било познато како Егридере. Населбата била центар на каза во Ѓумурџинскиот санџак на Одринскиот вилает. После Балканските војни била вклучена во границите на Бугарија. Ардино го добило сегашното име во 1934 година, а било прогласено за град во 1960 година.

Наводи

уреди
  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Надворешни врски

уреди