Аргонаут (подморница)

Аргонаут ― поранешна класа подморници изградени од инженерот Сајмон Лејк. Кога се збори без појаснување, Аргонаут воглавно се однесува на втората изградена и поголема подморница лансирана во 1900 година во Балтимор. Таа била 11 м долга, во облик на пура и изградена од челик. Таа имала бензински мотор и пропелер од Вајт и Мидлтон, динамо, рефлектор и пумпи за воздух и вода. Нејзината главна одлика, како оној на постариот модел и претходникот Аргонаут Џуниор (Argonaut Junior; 1894), била влажна нуркачка комора која му дозволувала на нуркачот да ја напушти и повторно да влезе во подморницата. Како име на овој брод се користни Аргонаут бр. 1 и Аргонаут бр. 2.

Напречен пресек на Аргонаут.

Аргонаут бр. 1 бил изграден во 1897 година и е 11 м во должина. Во септември 1898 година, таа направила премин на отворен океан од Норфолк, Вирџинија, до Сенди Хук, Њу Џерси, со што станала првата подморница што успешно оперирала на отворено море.[1][2]

Аргонаут бр. 2 е реконструкција на Аргонаут бр. 1 што била завршена во 1900 година со должина од 18 м и значително различен профил.[3][4][5]

Наводи

уреди
  1. „Hitler's Lost Sub: 400 years of subs“. NOVA (PBS). ноември 2000. Посетено на 26 ноември 2023.
  2. Raanan, Gideon. „Submarines on Stamps: Simon Lake and his family of Argonauts and Protectors“. Hadas Studio. Посетено на 26 ноември 2023.
  3. „Argonauts“. The Simon Lake Submarine Web Site. 2003. Архивирано од изворникот (web) на 9 февруари 2008. Посетено на 26 ноември 2023.
  4. Corbin, Thomas W. Corbin (1913). The Romance of Submarine Engineering: Containing Interesting. Original from the New York Public Library: Seeley, Service & co., ltd. стр. 109.
  5. Herbert C. Fyfe, Edward James Reed (1907). Submarine Warfare, Past and Present. Original from the University of California: E.G. Richards. стр. 288. Argonaut Junior.

Дополнителна книжевност

уреди