Грб на Аргентина

(Пренасочено од Аргентински грб)

Грбот на Аргентина е официјалниот грб на оваа јужноамериканска држава. Во сегашната форма, грбот е составен во 1944 година, но потекнува од печатот на Независното Генерално Собрание на Аргентина од 1813 година.

Грб на Аргентина
Варијанти

алтернативна верзија
Подробно
ГрбоносецАргентина
Усвоен1944, 1813
ЧеленкаМајско сонце
Држачираце во поздравување
Подножјелаворов венец
Други елементирацете држат стап со фригиска капа

Историја

уреди

Се верува дека овој печат многу брзо бил воспоставен со основањето на аргентинскиот декрет на 22 февруари по независноста на Аргентина. Како дел од официјален документ, грбот се појавил на 12 март 1813, каде се тврди дека грбот треба да се користи за извршната аргентинска власт. Наскоро, на 13 април, Националното Собрание издало нови сребрени и златни пари, каде на позадината бил искован аргентинскиот грб и тоа овозможило од печат да стане грб.

На 27 април грбот бил назначен за национален амблем. Исто така, во документот со кој се назначил грбот за национален се тврди дека истиот не смее да се користи на знаме. Сепак, голем број аргентински покраински грбови и знамиња го имаат грбот.

Денес сè уште не се знае кој го создал аргентинскиот грб, но се претпоставува дека за тоа се одговорни тројца луѓе: Алвеар, Монтеагудо и Виејтес, но се знае дека неколку години претходно претседателот Бернардино Ривадавија побарал од перуанецот Антонио Исидоро Кастро да го направи аргентинскиот грб, но шемите денес не се пронајдени.

Опис

уреди

Грбот е составен од три главни елементи. Во централниот дел има овален штит кој е поделен на два дела, од кој горниот е во сина боја, а долниот дел во бела боја. Боите се симбол на аргентинскиот народ, боите се наоѓаат на аргентинското знаме и тие ги претставуваат небото (сина боја) и Рио де ла Плата (бела боја). Над сината и бела позадина се наоѓаат две раце во поздравување кои држат стап со фригиска капа на врвот. Рацете го симболизираат единството на различните аргентински покраини, пријателство, мир, унија и братство, стапот симболизира моќ и спремност за одбрана на слободата, а капата симболизира слобода.

Над штитот се наоѓа Мајско сонце во изгрев, кое се наоѓа и на аргентинското знаме. Сонцето го претставува издигнувањето на Аргентина и аргентинската нација. Околу штитот се наоѓа лаворов венец кој симболизира триумф и слава.

Останати грбови

уреди

Наводи

уреди
  • Símbolos Nacionales de la República Argentina - By Comisión Administradora de la Biblioteca del Congreso de la Nación, Buenos Aires 1997. ISBN 950-691-036-7

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди