Апостолис Матопулос

Апостолис Матопулос (грчки: Αποστόλης Ματόπουλος) — македонски Грк, андартски капетан и учесник во Борбата за Македонија.

Апостолис Матопулос
Роден 1868
Гида, денес во Грција
Починал 1952
Америка

Животопис

уреди
 
Апостолис Матопулос и Гоно Јотов.
 
Четите на Апостолис Матопулос (седнат лево) и Гоно Јотов (седнат десно).

Матопулос е роден 1868 година паланката Гида, тогаш во Османлиското Царство, денес Александрија, Грција.

По засилувањето на грчката вооружена пропаганда во Македонија почнал да раководи андартска чета и со неа дејствувал во реонот меѓу Урумљак, Ениџевардарското Езеро и западните солунски селе против четите на Апостол Петков.

Дејствувал заедно со капетанот Никифорос (Јоанис Деместихас) меѓу колибите Корифи и Волак. Зедно со Гоно Јотов ги нападнал Трите хана, Тумба и Текелиево.

По Младотурската револуција учествувал во новата малдотурска администрација, благодарение на неговите добри односи со Халил-бег од Кавасила.

Во 1911 година Матопулос заедно со докторот Антонаки го предаваа Гоно Јотов, а тој загинал во заседата која му била поставена [1].

Во текот на Првата балканска војна ја напуштил Јужна Македонија која била завладеана од страна на грчките чети и емигрирал во Америка, каде починал во 1952 година [2].

Наводи

уреди