Ан Лакатон
Ан Лакатон (родена на 2 август 1955 година) [1] - француски архитект и едукатор. Таа ја води архитектонското биро „Лакатон и Васал“, со Жан-Филип Васал. Двојката била заеднички наградена со наградата Прицкер во 2021 година.[2]
Ан Лакатон | |
---|---|
Ан Лакатон во 2017 година | |
Роден(а) | 2 август 1955 Сен Парду-ла-Ривиер |
Националност | француска |
Установа | Висока национална школа за архитектура и околина во Бордо |
Награди | Прицкерова награда (2021) |
Ателје | Лакатон & Васал |
Животопис
уредиРодена е во Сен Парду-ла-Ривиер на 2 август 1955 година.[1] Лакатон дипломирала архитектура на Високата школа за архитектура и околина во Бордо ecole nationale supérieure d'architecture et de paysage de Bordeaux, а магистрирала урбанистичко планирање на Универзитетот во Бордо во 1984 година.[3][4] Лакатон често го посетувала Васал во Нигер, кој работел таму како архитект и урбанист. Нивниот прв заеднички проект бил колиба од слама.[5]
Архитектонска пракса
уредиВо 1989 година, Лакатон го формирала бирото Лакатон & Васал, со Жан-Филип Васал.[6] Првично седиштето му било во Бордо, а во 2000 година се преселило во Париз.[7] Работата на Лакатон и Васал се фокусира на изградба со намалени трошоци.[8] Многу проекти се хибриди помеѓу современ концепт на зграда и поразновидни техники, нарушувајќи ги стандардните практики на изведувачите.[9]
Фирмата ја реновирала галеријата на современа уметност„Пале де Токио“ во Париз, завршена во 2001 година. Проектот, како мелиорација на голи коски, на полузапуштена арт-деко зграда во близина на Сена, се најде во краткиот избор за европската награда „Мис“ во 2003 година.[10]
Во 2005 година, Лакатон и Васал и архитектот Фредерик Дрио биле избрани за преобликување на Тур Боа ле Претре, 17-катна зграда за домување на северниот раб на Париз, дизајнирана од архитектот Рејмонд Лопес во 1957 година. Тимот отсекол поголем дел од дебелите фасадни панели, инсталирајќи балкони и големи лизгачки прозорци на нивно место, отворајќи ги становите кон поприродна светлина. Становите исто така биле зголемени и отворени, а биле инсталирани нови водовод, бањи, вентилација и електрични системи. Проектот бил второпласиран за наградата „Дизајн на годината“ од музејот за дизајн на Обединетото Кралство во 2013 година.[11]
Бирото работело и на Високата национална школа за архитектура во Нант; проект за збирка уметности ФРАЦ Нор-Па де Кале во Денкерк; станбената зграда Кап Фере во Кап Фере,[12] и Гранд Парк Бордо (со Фредерик Дрио и Кристоф Итен). Овој последен проект бил добитник на наградата Мис во 2019 година, за најдобра современа архитектура во Европа.[13]
Лакатон и Васал работеле со Фредерик Дрио на проекти за одржливо домување, повторно измислувајќи ги старите социјални станови од ерата на 1960-тите, во проектот наречен Плус.[10] Плус е иницијатива за надградба на старите социјални станови во подобри простори за живеење.
Академска кариера
уредиЛакатон била визитинг професор на Вишото техничко училиште за архитектура во Мадрид (2007–13);[14] ЕПФЛ (Екол Политехника Федерал од Лозана; 2004, 2006, 2010-11 и 2017-18);[15][16] Универзитет во Флорида (2012); Државен универзитет во Њујорк во Бафало (2013); Pavillon Neuflize OBC-Palais de Tokyo, Париз (2013–14); и Универзитетот Харвард .[9] Лакатон била назначена за вонреден професор по архитектура и дизајн на ЕТХ Цирих во 2017 година.[17]
Нејзиното академска настава се фокусира на идеолошки и социо-политички пристап кон архитектурата. Дизајните и конструкциите на Лакатон ја поддржуваат човечката употреба наместо иконскиот приказ, засегнат со вклучените луѓе. Нејзините дизајни имаат за цел да го промовираат учеството на корисниците, како што се жителите во областите кои претрпуваат повторен развој.[9]
Награди
уредиЛакатон и Васал
уреди- Lauréats des Albums de la Jeune Architecture, France – 1991[18]
- Grand Prix National d’Architecture Jeune Talent, France – 1999[18]
- Erich Schelling Award − 2006[18]
- Fondation Erich Schelling, Karlsruhe Award “Sustainability and Residential Innovation”, City of Madrid – 2006[18]
- Royal Institute of British Architects International Fellowship in 2009.[19]
- Grand prix national de l'architecture in 2008[20]
- Paris, France Equerre d’Argent Award (with Frederic Druot) – 2011[18]
- Paris Daylight & Building Components Award – 2011[18]
- Design of the year, architecture category (with Frederic Druot) – 2013[18]
- Rolf Schock Prize in the Visual Arts in 2014[21]
- Life Time Achievement – Trienal de Arquitectura de Lisboa – 2016[18]
- Académie de l’Architecture France – Gold Medal – 2016[18]
- Simon Architecture Prize/ Fondation Mies Van der Rohe – The Living Places (with Frederic Druot) – 2016[18]
- Heinrich Tessenow Medal in 2016[18][22]
- Global Award for Sustainable Architecture (with Frederic Druot) in 2018[23]
- Mies van der Rohe Award in 2019[12]
- Pritzker Architecture Prize in 2021[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Albert, Marie-Douce (2 February 2012). „Anne Lacaton, Jean-Philippe Vassal et les clés de la maison Latapie“ [Anne Lacaton, Jean-Philippe Vassal and the keys to the Latapie House]. www.LeMoniteur.fr. Архивирано од изворникот на 2017-03-08. Посетено на 7 March 2017.
- ↑ 2,0 2,1 Wainwright, Oliver (16 March 2021). „'Sometimes the answer is to do nothing': unflashy French duo take architecture's top prize“. The Guardian. Посетено на 17 March 2021.
- ↑ Jungblut, Peter (16 March 2021). „Pritzker-Preis 2021 für Anne Lacaton und Jean-Philippe Vassal“. BR24 (германски). Архивирано од изворникот на 2021-03-17. Посетено на 17 March 2021.
- ↑ „Lacaton“. Akademie der Künste, Berlin (германски). Посетено на 17 March 2021.
- ↑ Victor Delaqua (16 March 2021). „Who Are Lacaton & Vassal? 15 Things to Know About the 2021 Pritzker Architecture Laureates“. ArchDaily. Посетено на 18 March 2021.
- ↑ „Anne Lacaton – Clarkson Chair in Architecture“. University at Buffalo. 19 March 2013. Архивирано од изворникот на 9 October 2016. Посетено на 6 October 2016.
- ↑ Noveck, Jocelyn (16 March 2021). „Pritzker Architecture Prize awarded to Paris-based duo“. The Washington Times. Посетено на 17 March 2021.
- ↑ „Jean-Philippe Vassal“. Collectors Agenda. Посетено на 17 March 2021.[мртва врска]
- ↑ 9,0 9,1 9,2 info@lafargeholcim-foundation.org, LafargeHolcim Foundation for Sustainable Construction. „Anne Lacaton | LafargeHolcim Foundation for Sustainable Construction“. LafargeHolcim Foundation website. Архивирано од изворникот на 2021-04-27. Посетено на 11 March 2020.
- ↑ 10,0 10,1 Krasny, Elke (November 2008). „Plus: Mehr als das Existenzminimum. Anne Lacaton und Frédéric Druot im Gespräch / Plus: More than the bare minimum Anne Lacaton und Frédéric Druot in conversation“. Architektur Aktuell (344): 4–5.
- ↑ Chalcraft, Emilie (10 April 2013). „Design of the Year Awards category winners announced“. Dezeen (англиски). Посетено на 17 March 2021.
- ↑ 12,0 12,1 Hanselmann, Ulla (16 March 2021). „Pritzker-Preis 2021: Architekturpioniere Lacaton & Vassal gewinnen“. stuttgarter-nachrichten.de (германски). Посетено на 16 March 2021.
- ↑ Niall Patrick Walsh (11 May 2019). „Grand Parc Bordeaux Wins 2019 EU Prize for Contemporary Architecture – Mies van der Rohe Award“. ArchDaily. Посетено на 18 March 2021.
- ↑ „Master in Collective Housing – Departamento de Proyectos Arquitectónicos“. DPA. 20 July 2017. Посетено на 17 March 2021.
- ↑ „Anne Lacaton & Jean-Philippe Vassal“. www.epfl.ch (англиски). Посетено на 2021-03-22.
- ↑ Marino, Giulia (2018-02-03). „Transformer, ouvrir, donner plus...“ (француски). Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ „INFO – STUDIO ANNE LACATON“. ETH Zürich. Посетено на 17 March 2021.
- ↑ 18,00 18,01 18,02 18,03 18,04 18,05 18,06 18,07 18,08 18,09 18,10 „Lacaton and Vassal CV“ (PDF). www.lacatonvassal.com. Посетено на 6 December 2018.
- ↑ „Lacaton & Vassal Architectes“. Nobel Center. Архивирано од изворникот на 12 March 2017. Посетено на 6 October 2016.
- ↑ „Le Grand Prix national de l'architecture“. Accueil Ministère (француски). Посетено на 17 March 2021.
- ↑ „Anne Lacaton and Jean-Philippe Vassal – the Visual Arts“ (PDF). Rolf Schock Prizes 2014. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-12-20. Посетено на 2021-06-24.
- ↑ „Anne Lacaton“. Lafarge Holcim Foundation. Архивирано од изворникот на 2021-04-27. Посетено на 2021-06-24.
- ↑ „Global Award for Sustainable Architecture“. Cité de l'architecture & du patrimoine. Посетено на 18 March 2021.
Надворешни врски
уреди- Denis Bocquet, "'More Space, More Light, More Green: A New Vision of Social Housing'. A Dialogue with Anne Lacaton", Speech, 2014.
- „Anne Lacaton and Jean-Philippe Vassal – The Pritzker Architecture Prize“. www.pritzkerprize.com. Посетено на 17 March 2021. – video interviews, philosophy, and work retrospective.