Антички Македонци (здружение)
Здружението на граѓани Антички Македонци од Богданци е македонска невладина организација чија главна цел е иницирање, унапредување и развивање на разни активности заради остварување на масовна афирмација на македонската историја и култура од античко време до денес[1].
Здружението на граѓани „Антички Македонци“ од Богданци е со седиште во Богандци и е регистрирано на 26 јули, 1993 година врз основа на член 16 од Законот за општествените организации и здруженија на граѓани. Претседател на здружението е Васил Иљов.
Како посебна задача на здружението се наведува афирмирањето на тезата за континуитет на македонскиот народ од античко време до денес[2], како и истражување и проучување на историјата и културата на македонскиот народ од античко време до денес[2].
Во преамбулата на Статутот на здружението, стои дека една од дејноста на здружението ќе биде насочено кон преиспитување на историјата и културата на македонскиот народ од античко време до денес[3].
Здружението е против официјалната историска наука на Република Македонија и се бори за ревизија на историјата со поголема афирмација на тезата за директен континуитет со антиката.