Антиревматски лек

Антиревматските лекови (англиски: disease-modifying antirheumatic drugs, скратено DMARD) опфаќаат категорија на лекови со различни механизми на дејство, наречени според нивната употреба кај ревматоидниот артритис, кои го модифицираат текот на болеста, односно ја забавуваат прогресијата на болеста.[1] Овие лекови не ја третираат причината на болеста, туку ги облажуваат симптомите како и текот и последиците на болеста.

Метотрексат
Хидроксихлороквин

Терминот често се користи за да се прави разлика од т.н. нестероидни противвоспалителни лекови (НСАИД), кои се однесуваат на лекови кои го третираат воспалението, но не и основната причина, како и стероидите, кои го поттиснуваат имунолошкиот одговор, но не се доволни за да ја забават прогресијата на болеста.

Терминологија

уреди

Иако употребата на терминот DMARD за прв пат беше пропагирана кај ревматоидниот артритис (оттука и нивното име), терминот почна да се однесува на многу други болести, како што се Кронова болест, лупус еритематозус, Сјогренов синдром, имунолошка тромбоцитопенична пурпура, мијастенија гравис, саркоидоза, и разни други болести.

Терминот првично беше воведен за да укаже на лек кој ги намалува знаците типичните процеси кои вообичаено се одвиваат низ текот на болеста, како што се зголемена стапка на седиментација на еритроцити, намалено ниво на хемоглобин, зголемено ниво на ревматоиден фактор, како и зголемено ниво на Ц-реактивна белковина. Во поново време, терминот се користи за да означи лек кој ја намалува стапката на оштетување на коските и 'рскавицата.

DMARD може дополнително да се поделат на традиционални лекови со мала молекуларна маса, синтетизирани преку хемиски пат и на понови „биолошки“ супстанции произведени преку генетски инженеринг.

Некои DMARD се благи хемотерапевтици, но се користат поради нивниот спореден ефект - имуносупресија, како терапевтска придобивка за ублажување на текот на болеста.

Поделба на антиревматиците (DMARD)

уреди

DMARD се класифицирани како:[2]

  • синтетички (sDMARD)
    • конвенционални синтетички и таргетирани синтетички DMARD (csDMARDs и tsDMARDs, соодветно)
      • csDMARDs се традиционални лекови (како што се метотрексат, сулфасалазин, лефлуномид, хидроксихлорокин)
      • tsDMARDs се лекови кои се развиени за да таргетираат одредена молекуларна структура
  • биолошки (bDMARD), кои може дополнително да се поделат на оригинални и биослични DMARD (boDMARDs и bsDMARDs)
    • биосличните DMARD се оние кои имаат иста примарна, секундарна и терцијарна структура како и оригиналниот биолошки DMARD и поседуваат слична ефикасност и безбедност како првичната белковина

Членови

уреди
Дрога Механизам Тип
абатацепт инхибитор на Т-клеточен костимулаторски сигнал bDMARD
адалимумаб TNF-инхибитор bDMARD
анакинра антагонист на рецепторот на IL-1 bDMARD
апремиласт инхибитор на фосфодиестераза 4 (PDE4) tsDMARD
азатиоприн инхибитор на синтезата на пурините непознат
барицитиниб JAK1 и JAK2 инхибитор tsDMARD
цертолизумаб TNF-инхибитор bDMARD
хлороквин (анти-маларија) супресија на IL-1, индуцирање апоптоза на воспалителните клетки и намалување на хемотаксата непознат
циклоспорин (циклоспорин А) инхибитор на калцинеурин непознат
Д-пенициламин (денес ретко се користи) намалување на бројот на Т-лимфоцити итн. непознат
етанерцепт TNF-рецептор-мамка bDMARD
филготиниб инхибитор на Јанус киназа (JAK). tsDMARD
голимумаб TNF-инхибитор bDMARD
златни соли (натриум ауротиомалат, ауранофин) (денес ретко се користат) непознат csDMARD
хидроксихлороквин (анти-маларичен лек) TNF-алфа, индуцираат апоптоза на воспалителните клетки и ја намалуваат хемотаксата csDMARD
инфликсимаб TNF-инхибитор bDMARD
лефлуномид инхибитор на синтезата на пиримидин csDMARD
метотрексат (MTX) инхибитор на метаболизмот на пурините csDMARD
миноциклин 5-LO инхибитор непознат
ритуксимаб химерично моноклонално антитело против CD20 на површината на Б-клетката bDMARD
сарилумаб антагонист на рецепторот на IL-6 bDMARD
секукинумаб IL-17 инхибитор bDMARD
сулфасалазин (SSZ) супресија на IL-1 и TNF-алфа, индуцираат апоптоза на воспалителните клетки и ги зголемуваат хемотактичките фактори csDMARD
тоцилизумаб антагонист на рецепторот на IL-6 bDMARD
тофацитиниб инхибитор на Јанус киназа (JAK). tsDMARD
устекинумаб инхибитор на IL-12 и IL-23 bDMARD

Иако овие супстанции делуваат преку различни механизми, многу од нив можат да имаат слични влијанија врз текот на болеста.[3] Некои од лековите може да се користат во комбинација.[4] Вообичаена тројна терапија за ревматоиден артритис е метотрексат, сулфасалазин и хидроксихлорокин. 

Алтернативи

уреди

Во случај кога третманот со DMARD не покажува ефективност за стабилизирање на неконтролираната автоимуна болест се користи пулсна (интермитирачка) терапија со циклофосфамид и стероиди. Некои тешки автоимуни болести се третираат со трансплантација на коскена срцевина во клинички испитувања, обично по неуспешна терапија со циклофосфамид. Во случај кога другите DMARD покажуваат неуспех или по недоволен одговор на терапијата со TNF-алфа инхибитори или неподнесување на терапијата, за тертманот може да се примени тоцилизумаб.[5]

Често се користат комбинации на DMARD, бидејќи секој лек во комбинацијата може да се користи во помала доза отколку ако се дава сам, со што се намалува ризикот од несакани дејства. 

Многу пациенти примаат НСАИЛ и најмалку еден DMARD, понекогаш комбинирано со ниски дози на орални гликокортикоиди. Ако се забележи ремисија на болеста, можно е да не биде потребен редовен третман со НСАИЛ или гликокортикоиди.

DMARD помагаат во контрола на артритисот, но не ја лекуваат болеста (некаузална терапија). Од таа причина, ако се постигне ремисија или оптимална контрола со DMARD, таа често се продолжува како доза на одржување. Прекинувањето на DMARD може да ја реактивира болеста или да предизвика силно влошување, без гаранција дека контролата на болеста ќе биде повторно воспоставена по продолжувањето на лекот. 

Наводи

уреди
  1. „Disease modifying antirheumatic drugs (DMARDs)“. Архивирано од изворникот на 2009-04-26. Посетено на 2023-01-20.
  2. Smolen JS, van der Heijde D, Machold KP, Aletaha D, Landewé R. Proposal for a new nomenclature of disease-modifying antirheumatic drugs. Ann Rheum Dis. 2014 Jan;73(1):3–5. doi:10.1136/annrheumdis-2013-204317.
  3. „Disease-modifying antirheumatic drugs other than methotrexate in rheumatoid arthritis and seronegative arthritis“. Current Opinion in Rheumatology. 20 (3): 251–56. May 2008. doi:10.1097/BOR.0b013e3282fb7caa. PMID 18388514.
  4. „Combination therapy with sulfasalazine and methotrexate is more effective than either drug alone in patients with rheumatoid arthritis with a suboptimal response to sulfasalazine: results from the double‐blind placebo‐controlled MASCOT study“. Annals of the Rheumatic Diseases. 66 (2): 235–41. February 2007. doi:10.1136/ard.2006.057133. PMC 1798490. PMID 16926184.
  5. „Deutsche Gesellschaft für Rheumatologie e.V.“. DGRh e.V. (германски). Посетено на 2023-01-20.