Антигон, или Антиноген, (Гени) Димитров Хаџов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација, учесник во Илинденското востание и еден од членовите на Горскиот штаб на Крушевската востаничка околија [1].

Антигон Хаџов
Роден 16 јули 1874
Струга, Македонија
Починал 21 јули 1912
Струга, Македонија

Животопис

уреди

Хаџов е роден 1874 година во градот Струга, како единствено дете во семејството на егзархиски наставници. Во 1892 година завршил во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и станал учител во Струга. Влегол во Македонската револуционерна организација уште како ученик, посветен на Александар Чакаров.

Во почетокот на 1903 година станува учител во егзархиската прогимназија во Крушево и зема учество во подготовките на востанието. Во текот на Илинденското востание бил член на Горскиот штаб на Крушевската востаничка околија и учествувал во одбрана на Крушевската република.

По востанието се легализирал и станува учител во Охрид, каде што е член на околискиот револуционерен комитет [2]. Според Милан Матов:

Во овој период... најголемата вистинска полза (имаше б.н) од Гени, зашто целата интелигенција беше емигрирале и само тој остана од неа да му помага на Христо Узунов. Со тоа тој решително помогна да се обноват револуционерните групи покрај целото Охридско Езеро [3].

Извори

уреди
  1. Историја на Крушево и Крушевско, Од постанокот на градот до поделбата на Македонија, книга прва, Крушево, 1978
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 177.
  3. Матов, Милан. Най-комитата разказва..., София, 2002, стр. 37.

Литература

уреди
  • Историја на Македонскиот народ, Просветно дело, Скопје, 1972