Анот (мом. Ана Отили Кригер-Мензел; 27 декември 1894 година – 20 октомври 1981 година), позната по нејзиниот брак како Анот Јакоби, ― германска сликарка, учителка по уметност, ликовен писател и пацифист. Како резултат на политичкото непријателство во Германија, таа помина голем дел од својот живот во Соединетите Држави и Порторико.

Анот (Анот Јакоби)
Роден(а)Ана Отили Кригер-Менцел
27 декември 1894(1894-12-27)
Берлин, Германија
Починал(а)20 октомври 1981(1981-10-20) (возр. 86)
Минхен, Германија
НационалностГерманка
Познат(а) поСликарство, пацифизам
Црно-бела фотографија на „Сончогледи“, 1929 година, од Анот.

Ран живот

уреди

Ано е родена на 27 декември 1894 година во Берлин како Ана Отили Кригар-Менцел, во семејството на Ото Кригар-Мензел и Јакоба Елинг.[1] Таа потекнува од висококласно семејство на академици. Нејзиниот татко бил професор по теориска физика на Универзитетот во Берлин, а нејзината мајка професионална пејачка. Нејзините кумови биле композиторот Јоханес Брамс и сликарот Адолф Менцел, кој бил и стрикото на татко и.[2]

Образование

уреди

Раната уметничка обука на Ано се одвивала во Школата за цртање и сликање на Здружението на уметници од Берлин (Verein der Berliner Künstlerinnen). Студирала со Фриц Рајн и Карл Беневиц фон Лофен дер Јунгер. Во 1915 година, Анот студирала во сликарското училиште на Ловис Коринт.[2] Анот била дел од Берлинската сукцесија, авангардна група уметници која наводно примила само една[3] или две жени.[4] Таа ги потпишувала нејзините дела со „Annot“.

Сликарство и пацифизам

уреди

Во 1916 година, во знак на протест против Првата светска војна, таа ширела самонапишани пацифистички меморандуми и била осудена на 30 дена затвор.[5] Зибрехт ја смета нејзината положба како исклучителна.[6] Во текот на 1916 до 1920 година, Анот живеела во Осло, Норвешка, каде што продолжила да се залага за мир.[2] Во 1920 година се вратила во Берлин, каде што работела во Германски сојуз за човекови права (Deutsche Liga für Menschenrechte), како и во нејзината претходничка организација Сојузна нова татковина (Bund Neues Vaterland) и Женската меѓународна лига за мир и слобода. Таа била пријателка на Анет Колб и Карл фон Осиецки.[2]

Во 1921 година се омажила за сликарот Рудолф Јакоби. Тие имаа две деца и живееле од 1923 до 1926 година во Позитано. Од 1926 до 1928 година Анот отишла во Париз да учи кај сликарот Андре Лоте.[2] Во 1928 година, таа и нејзиниот сопруг отвориле сликарско училиште во Берлин.[7] Имале и заедничка изложба во Нојман-Нирендорфовата галерија.[8] Неколку слики на Анот биле купени за Националната галерија во Берлин. Во 1933 година Јакобиеви биле принудени да го затворат своето училиште по наредба на нацистите, бидејќи тие одбиле да ги отпуштат своите еврејски ученици.[7] Нејзините слики биле означени во нацистичка Германија како „дегенерирани“ и уништени или украдени.[9][10][11][12]

Потоа, Анот се преселила со нејзиниот сопруг во Соединетите Држави,[13] отворајќи го уметничкото училиште и галеријата „Анот“ во Рокфелеровиот центар.[14][15] Во галеријата, таа ги покажала делата на уметници како Кетрин С. Драјер.[16] Во текот на 1930-тите и 1940-тите тие живееле во Њујорк, летувајќи ги во Глостер, Масачусетс.[17] Анот освоила бројни награди, вклучително и златен медал за нејзината слика на Кете Крузе и нејзините деца, на изложба во Њујорк во 1935 година.[18] Анот, исто така, се издржувала себеси и своето семејство работејќи како дизајнер на ентериер.[2]

Таа и нејзиниот сопруг продолжиле да бидат активни во мировното движење, дури и откако Соединетите Држави влегле во Втората светска војна во 1942 година. Анот станала квекер во 1941 година. Во 1945 година, Анот станала претседател на Поткомитетот за пакети со храна за Европа, создаден за испраќање пакети со храна и писма на адресите поднесени од Комитетот за услуги на американските пријатели, вклучувајќи ги и германските пријатели.[1] Таа, нејзиниот сопруг и нивната ќерка Стела биле идентификувани како членови на месечниот состанок на Вестбери во преглед на уметничка изложба во 1958 година.[19] Тие се споменуваат како членови на Подготвителниот состанок на Матинкок, Њујорк, во 1959 година.[20]

Во 1956 година, Анот и нејзиниот сопруг отпатувале во Порторико каде го посетиле Пабло Казалс. Тие биле особено привлечени од „расната интеграција што се чувствува таму во сите услови на живот“. Анот била активна во кампањата за јадрено разоружување, помагајќи да биде создаден Порториканскиот комитет за здрава јадрена политика, на кој таа била назначена за почесен претседател. Почесни претседавачи биле и Пабло Казалс и Алберт Швајцер.[20] Анот и Јакоби живееле главно во Порторико до 1967 година кога се вратиле во Германија и се доселиле во Минхен.[2]

Уметнички дела

уреди

Анот била стилски под влијание на францускиот импресионизам. Од 1928 до 1930 година таа се концентрирала на сликарски циклус во кој ги прикажува лицата на работничките жени. Работата на Анот во ова време се одликува со лабава дарежлива површинска обработка. Овој циклус на слики вклучува жена хирург, адвокат и физиотерапевт, а била пофалувана од Анели Лутгенс.[21]

Во февруари 1935 година, Анот ја одржала својата прва самостојна изложба во Соединетите Држави, во галеријата „Мари Стернер“, Њујорк.[22] Нејзините слики и гвашки дела биле позитивно разгледани.[4] Таа, исто така, поставила изложба во галеријата „Кетрин Кух“ во Чикаго во октомври 1936 година.[23]

Нејзиниот квалитет е суштински тевтонски, во нејзините портрети, на пример, постои сугестија на моќниот реализам кој тежнее кон пренагласување, толку карактеристичен за современото германско училиште, но кој, во нејзиниот случај, е противтежан со силен украсен квалитет и се истакнува чувство за боја.[4]


Во 1977 година, сеопфатна изложба на делата на Анот била сторена во Куќата во Луцовплац во Берлин. Во 1978 година, нејзиниот труд бил прикажан во Галеријата „фон Аберкрон“ во Минхен.[2][24][25]

Подоцнежен живот

уреди

Рудолф Јакоби, сопругот на Анот, починал во 1972 година. Анот починала на 20 октомври 1981 година во Минхен, Германија.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Records of the Witness Coordinating Committee and of the Outreach Committees of New York Yearly Meeting“. Swarthmore College. Посетено на 11 август 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 „Annot Jacobi“. BildIndex. Bildarchiv Foto Marburg. Архивирано од изворникот на 5 март 2016. Посетено на 11 август 2022.
  3. Gaddis, Eugene R. (2000). Magician of the modern : Chick Austin and the transformation of the arts in America (1. изд.). New York: Knopf. ISBN 9780394587776. Посетено на 11 август 2022.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Paintings and Guaches by Annot...“. The Brooklyn Daily Eagle. 11 февруари 1934. стр. 32.
  5. Artinger, Kai (2000). Agonie und Aufklärung : Krieg und Kunst in Großbritannien und Deutschland im 1. Weltkrieg. Weimar: VDG. стр. 53. ISBN 9783897391253.
  6. Siebrecht, Claudia (2012). The aesthetics of loss. German women's art of the First World War (First. изд.). Oxford University Press. ISBN 9780199656684. Посетено на 11 август 2022.
  7. 7,0 7,1 Meisner, Judith. „Mit der Ausstellung "Kunst in Berlin 1933–1938. Verfemt, verfolgt, verboten" zeigt die Berlinische Galerie Bilder heute fast vergessener Künstler“ [Images of almost forgotten artists are being shown today in the Berlin Gallery's exhibition, "Art in Berlin 1933–1938. Outlawed, persecuted, banned"]. Den Tingeltangel Luna-Park. Посетено на 11 август 2022.
  8. Vierhaus, Rudolf (2006). „Jacobi, Annot“. Deutsche Biographische Enzyklopädie : (DBE) (2, revised. изд.). München: Saur. стр. 270. ISBN 9783598250354. Посетено на 11 август 2022.
  9. „Wilhelm Arntz papers, 1898–1986“. The J. Paul Getty Trust. Посетено на 11 август 2022. A comprehensive documentation of Bildersturm, the campaign against art the Nazi government considered degenerate, and of the efforts to recover the looted artworks after the war... Annot is listed among the artists at the Berlin: Nationalgalerie.
  10. Fulda, Bernhard; Soika, Aya (2012). Max Pechstein The Rise and Fall of Expressionism (1. Aufl.. изд.). Boston: De Gruyter. стр. 372. ISBN 978-3-11-028208-5. Unfortunately we are missing for this the most important illustrative material because so little has survived, all that has not been burnt or been stolen has been shipped abroad.
  11. „Archiv Bildende Kunst: Annot Jacobi Archiv“. Akademie der Künste. Посетено на 11 август 2022.
  12. „DANCING ON THE VOLCANO The Berlin of the Twenties as Reflected in the Arts“ (PDF). Stadtmuseum Berlin. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-10. Посетено на 11 август 2022.
  13. Thompson, Dorothy (1936). „Culture Under the Nazis“. Foreign Affairs (April). Посетено на 11 август 2022.
  14. „Notes“. Parnassus. 6 (5): 30–31. 1934. doi:10.1080/15436314.1934.11467367 (неактивно 31 јули 2022).
  15. Addison Gallery of American Art (1941). European artists teaching in America. Andover, Massachusetts: Phillips Academy. стр. 14. Посетено на 11 август 2022.
  16. Annot (1934). 40 variations by Katherine S. Dreier. New York City: Annot Art School. hdl:10079/bibid/11879031.
  17. „Rudolf Jacobi“. Emily Weintraub Fine Art. Архивирано од изворникот на 25 јануари 2019. Посетено на 11 август 2022.
  18. „Sie tanzten auf dem Vulkan“ (PDF). SAISONAUFTAKT. 27 август 2015. Архивирано од изворникот (PDF) на 4 март 2016. Посетено на 11 август 2022.
  19. „Friends and their friends“ (PDF). Friends Journal. 4 (37). 18 октомври 1958. стр. 603. Посетено на 11 август 2022.
  20. 20,0 20,1 „Friends and their friends“ (PDF). Friends Journal. 5 (31). 19 септември 1959. стр. 494. Посетено на 11 август 2022.
  21. Lütgens, Annelie (1987). Das verborgene Museum I (Dokumentation der Kunst von Frauen in Berliner öffentlichen Sammlungen. изд.). Berlin: Hentrich. стр. 239. ISBN 3-926175-38-9.
  22. Annot. Annot. Exhibition of paintings and gouaches by Annot Marie Sterner Gallery, New York, February 5 to February 17, 1934
  23. Prince, Sue Ann (1990). The Old guard and the avant-garde : modernism in Chicago, 1910–1940. Chicago: University of Chicago Press. стр. 167. ISBN 9780226682846.
  24. „Galerie von Abercron“.
  25. Annot (1978). Annot : Gemälde, Aquarelle : erschienen anlässlich einer Ausstellung der Galerie von Abercron, Köln-München, Februar 1978 in München : [Katalog]. Cologne: Die Galerie.

Надворешни врски

уреди