Андриќград или Каменград — град, културен центар и вид етносело, кој се наоѓа на самото устие на реките Дрина и Рзав во Вишеград, а чиј идеен творец е режисерот Емир Кустурица. За посетителите бил отворен на 5 јули 2012 година.[1]

Андриќград
Андрићград, Andrićgrad
град
држава Босна и Херцеговина
Ентитет Република Српска
ОпштинаВишеград
ОсновачЕмир Кустурица
Час. појасЦЕВ (UTC+1)
Мреж. местоandricgrad.com
Улица „Млада Босна“, главна улица во Андриќград
Споменик на Петар Втори Петровиќ Његош во Андриќград

Градот е изграден од камен и во него има педесетина објекти [2]. Во градот постои градски театар, модерно кино, градска управа, академија на убави уметности, Андриќева гимназија, речна марина и пристаниште, хотели, плоштади, црква, стар ан, дуќани и спомен куќа на Иво Андриќ [2]. Планирано било во рамките на академијата на убави уметности во Каменград, да работи факултет за режија[2]. Се очекувало Србија, а можеби и некои други земји да отворат свои конзулати и почесни конзулати во Андриќевиот град [2]. На 28 јуни 2013 година отворен е Андриќев институт.[3]

Во 2016 година била основана меѓународна Академија на уметностите за школување на глумци, режисери и сродни занимања.[4]

На Видовден, 28 јуни 2014 година, била осветена црквата посветена на Светиот цар Лазар и косовските маченици.[5]

Споменик на Иво Андриќ

уреди

Споменикот на Иво Андриќ се наоѓа на плоштадот Никола Тесла во централниот дел на Андриќград.[6][7] Споменикот, висок 2,4 метри, бил откриен је на Видовден 28 јуни 2012 година за време на свеченоста за обележување на почетокот на изградбата на Андриќград.[6] Споменикот настанал како реакција на рушењето на бистата на Иво Андриќ во Вишеград во 1991 година.[6][7][8] Бистата на Иво Андриќ во Вишеград била срушена на 1 јули 1991 година од петмина муслимански екстремисти и потоа фрлена во Дрина.[9]

Споменик на Петар II Петровиќ Његош

уреди

Споменикот на Његош, се наоѓа на истоимениот плоштад, пред црквата на светиот кнез Лазар.

Споменикот е идентичен со неговите споменици во Подгорица и Белград.

Историја

уреди

Каменград е промотивен проект на Република Српска.[10] Идејата за проектот потекнала од разговор меѓу Милорад Додик и Емир Кустурица на 30 ноември 2009 година во Бања Лука [11], при што било замислено Каменграда во Вишеград да биде верзија на Дрвенград во Мокра Гора, негова туристичка атракција и „синоним за културата и уметноста на Република Српска“. Дрвенград од Вишеград е оддалечен околу 20 км. Идејниот концепт за Каменград е на Емир Кустурица.[12]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Андрићград отворен за посјетиоце“ (српски). Братунац (репортажа). 5 јули 2012. Text "accessdate " ignored (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Андрићев Камен град у Вишеграду и Емир Кустурица — гради се туристичко историјски комплекс на Дрини“, Александар Парезановић, 17 април 2012; (српски)
  3. Андрићев институт ум и душа Андрићграда („Политика“, 28. јун 2013)
  4. Андрићград постаје студентски град („Политика”, 1 август 2016)
  5. „Освештан храм „Светог цара Лазара и свих српских мученика" у Андрићграду“. Епархија захумско-херцеговачка.
  6. 6,0 6,1 6,2 „Обиљежавања годишњице од почетка изградње Андрић града“ (српски). Радио-телевизија Републике Српске. 28 јуни 2012. Архивирано од изворникот на 2013-01-27.
  7. 7,0 7,1 „Откривен споменик Иви Андрићу“ (српски). Радио-телевизија Републике Српске. 28 јуни 2012.
  8. „Откривен споменик Иви Андрићу“ (српски). СРНА. 28 јуни 2012. Архивирано од изворникот на 2014-02-02.
  9. „Данас откривање споменика нобеловцу“ (српски). СРНА. 28 јуни 2012. Архивирано од изворникот на 2014-02-02.
  10. Радио-телевизија Републике Српске: „Пројекат Каменград“, 28 февруари 2011. Архивирано на 18 октомври 2011 г. (српски)
  11. Радио-телевизија Републике Српске: Додик и Кустурица о припреми филма „На Дрини ћуприја“, 30 ноември 2009. (српски)
  12. Радио-телевизија Републике Српске: Почетак изградње Каменграда на Видовдан, 27 февруари 2011. (српски)

Надворешни врски

уреди