Андалусиски пес (француски: Un chien andalou) - француски краток филм од 1929 година, во режија на Луис Буњел, кој е автор на сценариото, заедно со Салвадор Дали. Главните улоги во филмот ги играат: Пјер Бачеф и Симоне Мареил.

Податотека:Screenshot from Un Chien Andalou.jpg
Раката полна со мравка на младиот човек се заглавила во вратата од младата жена кога тој ја гони

Содржина

уреди

Филмот започнува со сцената во која еден човек се бричи, а потоа со бричот го пресекува окото на една девојка. Во продолжение се редат бројни необични сцени: еден човек носи мала кутија и паѓа пред една зграда, а тоа го набљуудва една девојка, која го зема човекот во својот стан. Надвор, на улицата лежи пресечена дланка околу која се собрала група минувачи. Тогаш, доаѓа полицаец, кој ѝ ја дава кутијата со дланката на една млада девојка. Истовремено, во зградата, младиот човек се обидува да ја обљуби девојката, но таа успева да побегне. Тој ја брка девојката и тогаш се појавува друг човек во кој првиот пука со револвер. Во следната сцена, телото на убиениот лежи крај една река, а на крајот од филмот, младиот човек и девојката се прикажани на морскиот брег.[1]

Наводи

уреди