Ангелко Цветковски
Ангелко Стојчев Цветковски ( 1926 во Скопје — 7 ноември 1944 во Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа откако изучил занает станал ковач. Летото 1944 година се вклучил во народноослободителното движење и активно учествувал во разни акции против окупаторот. Во септември 1944 година во Скопска Црна Гора стапил во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Во состав на оваа единица учествувал во битките против балистите и Германците. На 7 ноември 1944 година, храбро загинал само неколку денови пред ослободувањето на неговиот роден град, Скопје.[1]