Американска убавина
Американска убавина (англиски: American Beauty) е американски филм од 1999, сместен во американските предградија. Главните улоги ги толкуваат Кевин Спејси и Анет Бенинг. Ова е дебитантски филм за сценаристот Алан Бол и режисерот Сем Мендез. Четворицата беа номинирани за Оскар, а филмот освои вкупно пет, вклучувајќи го и Оскарот за најдобар филм.
„Американска убавина“ | |
---|---|
Режисер | Сем Мендез |
Продуцент | Брус Коен Ден Џинкс |
Сценарист | Алан Бол |
Главни улоги | види подолу |
Музика | Томас Њуман |
Кинематографија | Конрад Л. Хол |
Монтажа | Тарик Анвар Кристофер Гринбури |
Дистрибутер | Дримворкс |
Премиера | САД 8 септември 1999 (премиера) |
Времетраење | 122 мин. |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | 15,000,000 долари[1] |
Бруто заработка | 356,296,601 долари |
Содржина
уредиЛестер Бурнхем е 42-годишен работник во една маркетинг агенција. Досадниот живот во предградијата го имаат претворено во губитник. Неговата сопруга, Каролин, со која одамна немал интимни односи, мисли само на работата и успехот, а него го игнорира. Ќерката Џејн минува низ бурен пубертет и се оддалечува од татко и без воопшто да го почитува неговиот авторитет, а ја иритира непримерниот интерес на татко и кон нејзината пријателка Ангела Хејс, убава девојка која сака да стане манекенка за да се издигне над обичните луѓе. Но баш љубовта кон Ангела ќе му ја врати на Лестер волјата за живот и самодовербата. Понесен од среќата, тој ја напушта својата досадна работа . Во исто време, Џејн се вљубува во Рики, чудно момче од соседството, кој е малтретиран од својот насилен татко хомофоб и поранешен полковник на марините, Френк Фитс. Рики е опседнат со снимање на околината со својата видеокамера. Рики исто така се занимава со продавање на марихуана, привремено работење во бар итн. Тој токму и се сретнува со Лестер во еден бар и тие стануваат добри пријатели. Во меѓувреме Лестер има сексуални фантазии за Ангела и дури почнува да вежба за да ја импресионира, дури и Рики го фаќа на снимка ќе што вежба. Жената му на Лестер, Каролин го изневерува и влегува во врска со мажен човек и стопанственик, Бади Кејн. Лестер започнува да работи во ресторан за брза храна и ја фаќа Каролин како го изневерува со Бади, но очигледно не се загрижува. Лестер исто така купува марихуана од Рики, во една таква прилика, таткото на Рики ги здогледува и мисли дека водаат орален секс. Лестер продолжува да и да флиртува со Ангела. Пријателството помеѓу Ангела и Џејн венее уште од кога Џејн влезе во врска со Рики, затоа Џејн го поминува времето со Рики, тие двајцата си откриваат работи. Рики му кажува на Џејн за своите снимки, а Џејн му кажува на Рики колку го мрази својот татко, што сака дури и да го убие, и во една таква прилика е снимена од Рики. Односот помеѓу Рики и неговиот татко откако неговиот татко му ги открива снимките што ги снимил и Рики е брутално натепан, обвинет од неговиот татко дека е педер и дека е во врска со Лестер. Рики лажно го признава обвинението и го напушта домот откако неговиот татко го избркува. Полковникот оди кај Лестер и се обидува да го бакне за да ги потврди своите сомнежи и потоа си заминува. Рики ја убедува Џејн да си заминаат со Њујорк и ја изнервирува Ангела откако ја нарекува здодевна и обична. Бади му раскинува на Каролин и таа се растажува. Една њоќ, таа си заминува за дома, опремена со пиштол. Истата ноќ, Лестер ја наоѓа Ангела и разговара со неа, тој му кажува на Ангела дека е убава по нејзино барање. Споделуваат бакнеж и Лестер е спремен да се впушти на своите сексуални фантазии, но решава да не оди понатаму, откако Ангела признава дека никогаш досега немала секс и наместо тоа одлучуваат да разговараат. Ангела потоа заминува во бања, додека Лестер гледа една слика од неговата фамилија кога биле среќни. Тогаш непозната фигура вперува пиштол во задниот дел на главата на Лестер и се слуша еден истрел, Лестер е трагично убиен. Рики и Џејн го наоѓаат умрениот Лестер, додека Каролин тагува во клозетот и ги гушка алиштата на Лестер. Полковникот Френк Фитс се враќа дома со раскрвавена маица. Филмот завршува со нарацијата на Лестер, тој се сеќава на убавите моменти од својот живот и не е налутен поради неговата смрт туку напротив, тој е среќен бидејќи има многу убавина на светот.
Улоги
уредиГлумци | Ликови |
---|---|
Кевин Спејси | Лестер Бурнхем |
Анет Бенинг | Каролин Бурнхем |
Тора Бирч | Џејн Бурнхем |
Вес Бентли | Рики Фитс |
Мена Сувари | Ангела Хејс |
Крис Купер | Френк Фитс |
Питер Галагер | Бади Кејн |
Награди
уреди- Оскар за најдобар филм (Брус Коен, Ден Џинкс)
- Оскар за најдобар глумец (Кевин Спејси)
- Оскар за режија (Сем Мендез)
- Оскар за оригинално сценарио (Алан Бол)
- Оскар за најдобра кинематографија (Конрад Л. Хол)
- БАФТА за најдобар филм (Брус Коен, Ден Џинкс)
- БАФТА за најдобра машка улога (Кевин Спејси)
- БАФТА за најдобра женска улога (Анет Бенинг)
- БАФТА за најдобра монтажа (Тарик Анвар), (Кристофер Гринбури)
- БАФТА за најдобра кинематографија (Конрад Л. Хол)
- БАФТА за најдобра музика (Томас Њуман)
- Греми за најдобар саундтрак (Томас Њуман)
Белешки
уреди- ↑ Business data for American Beauty from IMDb
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место
- Американска убавина на Семрежната филмската база на податоци
- Journal of Religion and Film: American Beauty and the Idea of Freedom Архивирано на 5 март 2008 г.
|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>