Американецот (филм од 2010)
Американецот (англиски: The American) - американски филм од 2010 година, во режија на Антон Корбијн (Anton Corbijn), по сценариото на Роуан Џофи (Rowan Joffe). Главните улоги ги играат: Џорџ Клуни (George Clooney), Виоланте Пласидо (Violante Placido), Текла Ројтен (Thekla Reuten), Паоло Боначели (Paolo Bonacelli) и Ирина Бјорклунд (Irina Bjorklund). Филмот се одликува со одличната глума на Клуни, една од најдобрите во неговата кариера, стилизираната режија на Корбијн и прекрасните локации на кои е снимен филмот.[1]
Синопсис
уредиАмериканецот Џек (го игра Клуни) се наоѓа на одмор во Шведска, заедно со една убава девојка. Додека шетаат во идиличниот зимски амбиент, непознат човек почнува да пука во Џек, но Џек веднаш го убива, а потоа ги убива својата девојка и помошникот на напаѓачот. Подоцна, во Италија, Џек се состанува со неговиот работодавец Павел, кој му ги дава клучевите од автомобилот и го испраќа да се скрие во малиот град Кастелвекио, советувајјќи го таму да не склучува никакви пријателства. Меѓутоа, Џек се зближува со локалниот свештеник Бенедето (го игра Боначели) и со проститутката Клара (ја игра Пласидо). Тогаш, му се јавува Павел и му дава нова задача во која е вклучена и убавата Матилде (ја игра Ројтен...[1]