Алфа и Омега
Алфа и Омега (ΑΩ, Αω, αω) — духовен поим кој доаѓа изразот „Јас сум Алфа и Омега, почеток и крај – вели Господ, Кој е, Кој беше, и Кој иде, Седржителот.“ (коински грчки: τὸ Α καὶ τὸ Ω), од Откровението на Апостол Јован (стихови 1,8, 21,6, и 22,13).[1] Своето значење се најде во фактот дека алфа (Α) и омега (Ω), односно прва и последена букви на класичната (јонска) грчка азбука. Терминот Алфа и Омега во сооднос често се користат како христијански симбол.
Овој симбол е напишан во Апокалипса, кога многумина веруваат дека Христос, како и Отецот, е „Првиот и Последниот“ (II, 8); „Алфа и Омега, Првиот и последниот, почетокот и на крајот“ (сп., XXII, 13; i, 8). Климент Александриски, Тертулијан и други учени од времето на раното христијанство ја поддржуваат тезата околу христијанскиот израз на оваа фраза, односно дека сè започнува со Господ и сè завршува со Господ. Оваа фраза е толкувано од многу христијани како вечното постоење на Исус (односно второто лице на Троицата), и дека ќе постои вечно.
Наводи
уредиОваа статија за христијанството е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |