Алпско попче
Alpine Accentor (adult)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Подред: Песнопојни
Семејство: Попчиња
Род: Попче
Вид: Алпско попче
Научен назив
Prunella collaris
(Scopoli, 1769)
Синоними

Laiscopus collaris

Prunella collaris collaris

Алпско попче (Prunella collaris) — малечка врапчевидна птица од семејството на попчињата (Prunellidae).

Таксономија

уреди

Овој вид заедно со Altai Accentor се понекогаш одделени од другите попчиња од видот Laiscopus.[2]

Ова е малечка птица со големина околу 15-17,5 cm. Тој е малце поголем од својот роднина Обично попче . Има кафеав врат и помалку личи на Домашното врапче, но имаат одличен слух и црвено-кафеави пердуви на стомакот.

Половина од нив се многу слични, но само машките може да бидат идентични. Младите птици имаат поголеми глави.

Распространетост и живеалишта

уреди

Живеат во планините на јужна и умерена Европа, Либан[3] и Азија на височина околу 2000m. Главно презимуваат околу екваторот но, некои птици преселници се селат и во Велика Британија.

Овие птици живеат во области со слаба вегетација.

Парење

уреди

Градат уредни гнезда во пукнатината на дрвјата или некоја карпа и несат околу 3-5 небесно сини јајца.

Системот на парење е од личен интерес. Живеат во групи од 3-4 мажјаци и 3-4 женки. Овие не се поврзани птици кои имаат социјален систем на парење. Мажјаците имаат доминантна хиерархија, алфа мажјаците се обично постари од останатите. Женките бараат со сите мажи, но како алфа мажјак треба да ги брани од другите, послаби мажјаци од него. Потоа за возврат мажите бараат со сите женки. ДНК-та се користи за да се покаже дека се меша татковството, иако женката е секогаш вистинска мајка и таа ги одгледува сама во нејзиното гнездо. Мажите обезбедуваат храна за групата во зависност од тоа дали се заедно со женката или не - мажите имаат задача да ги заштитат младенчињата.

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Prunella collaris. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. HBW volume 10, page 496
  3. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2013-05-01. Посетено на 2013-04-23.
  • Davies, N. B., Hartley, I. R., Hatchwell, B. J., Desrochers, A., Skeer, J. & Nebel, D. 1995. The polygynandrous mating system of the alpine accentor Prunella collaris. I. Ecological causes and reproductive conflicts. Animal Behaviour, 49, 769-788.
  • Davies, N. B., Hartley, I. R., Hatchwell, B. J. & Langmore, N. E. 1996. Female control of copulations to maximise male help: a comparison of polygynandrous alpine accentors Prunella collaris and dunnocks Prunella modularis. Animal Behaviour, 51, 27-47.
  • Hartley, I. R., Davies, N. B., Hatchwell, B. J., Desrochers, A., Nebel, D. & Burke, T. 1995. The polygynandrous mating system of the alpine accentor Prunella collaris. II. Multiple paternity and parental effort. Animal Behaviour, 49, 789-803.

Надворешни врски

уреди