Алофи
- Видете Алофи (остров) за островот во состав на Валис и Футуна.
Алофи (ниуеански: Alofi) е главниот град на тихоокеанската зависна островска земја Ниуе. Местото брои 614 жители (Попис 2001). Се состои од две села — Алофи Север (нас. 256) и Алофи Југ, каде е сместена владата (нас. 358).
Алофи Alofi | |
---|---|
Град | |
Улица во Алофи | |
Местоположба на Алофи (ѕвезда) | |
Административна поделба на Ниуе - Алофи е на западната страна. | |
Земја | Ниуе |
Село | Алофи Север и Алофи Југ |
Управа | |
• Пратеник за Алофи Север | Вајга Тукуитога[1] |
• Пратеник за Алофи Југ | Далтон Тагелаги |
Површина | |
• Вкупна површина на Алофи Север и Алофи Југ | 46,48 км2 (1,795 ми2) |
Надм. вис.[2] | 21 м |
Население (2006)[3] | |
• Вкупно | 581 |
• Густина | 12,5/км2 (32,46/ми2) |
• Алофи Север | 147 |
• Алофи Југ | 434 |
Жители[4] | |
• Жители (Алофи Север) | 143 |
• Посетители (Алофи Север) | 4 |
• Жители (Алофи Југ) | 411 |
• Посетители (Алофи Југ) | 23 |
Час. појас | UTC-11 (UTC-11) |
Повик. бр. | +683 |
Гратчето лежи во средината Алофискиот Залив, на западниот брег на островот, недалеку од единствениот отвор во коралниот гребен кој го окружува Ниуе. Заливот се протега низ 30% од должината на островот (околу 7 километри) од ’ртот Халагиги на југ до ’ртот Макапу на север.
Во јануари 2004, Ниуе било погодено од силна тропска бура — циклонот Хета — во кој загинале двајца и нанел штета низ целиот остров. Многу од објектите во Алофи биле уништени, меѓу кои и болницата. По бурата владините згради биле преместени на помалку изложено место, 3 km копнено од западното крајбрежје наречено „Фонуакула“. Ова место сепак е во рамките на селскиот атар на Алофи Југ.
Меѓу малкумината познати Ниуеанци спаѓа семејството Тумкар, кое живеело во Австралија од 1998. Тие биле првите доктори во историјата на ова место.
Наводи
уреди- ↑ Министерство за надворешни работи и трговија на Нов Зеланд
- ↑ Weatherbase
- ↑ SPC 2008, стр. 4.
- ↑ SPC 2008, стр. 5.
- Министерство за надворешни работи и трговија на Нов Зеланд (22 јуни 2009). „Ниуе - Преглед на податоци за земјата“. Министерство за надворешни работи и трговија на Нов Зеланд. Архивирано од изворникот на 2011-08-21. Посетено на 3 август 2009.
- Siosikefu, Маргарет Хаген; Хаберкорн, Џералд (2008). Напишано во Окленд, Нов Зеланд. Преглед на населението на Ниуе според пописот на населението и домовите од 2006: водич за и (PDF). Нумеа, Нова Каледонија: Секретаријат на тихоокеанската заедница. стр. 4–5. ISBN 978-982-00-0235-7. AACR2 304.609 9626. Архивирано (PDF) од изворникот 2009-08-03. Посетено на 3 август 2009.
- „Weatherbase: Историја на времето во Алофи, Ниуе“. Weatherbase. 2009. Архивирано од изворникот на 2011-11-04. Посетено на 3 август 2009.
Надворешни врски
уреди- Историја на Ниуе (англиски)