Алонсо де Санта Крус

(Пренасочено од Алонсо де Санта Круз)

Алонсо де Санта Крус (или Алфонсо) (1505 – 1567) бил шпански картограф, изработувач на карти и инструменти, истроричар и предавач. Бил роден околу 1505 година, а умрел во ноември 1567 година. Картите ги составил во 1572 година.[1][2]

Алонсо де Санта Крус
Цртеж на Алонсо де Санта Крус од Шпанската фондација за наука и технологија
Роден(а)1505
Севиља
Починал(а)1567
Мадрид
ПолињаКартографија, астрономија, космографија, историја, образование, научни инструменти, навигација
Познат поПрвата карта на магнетните варијации од север, нови наутички инструменти
ДецаАнтонио Понсе де Санта Крус

Алонсо де Санта Крус бил познат картограф во Советот на Индиите, и космограф во Домот на трговијата. Таму работел на Падрон Реал, шпанската карта во која биле впишани откритијата на Новиот Свет.[3]

Алонсо де Санта Крус ја опишувал космографијата како начин на цртање на земјата „бидејќи (гра)фија е исто што и цртање, а космос е светот“[4][5]

Во 1530 година, Алонсо де Санта Крус ја составил првата карта на магнетните варијации од вистинскиот север. Верувал дека ова ќе е корисно при наоѓање на точните лонгитуди. Тој дизајнирал нови наутички инструменти,[6] го интересирале методите за навигација, и пишувал за методот на Џон Кабот за наоѓање на лонгитуда преку деклинација на Сонцето, набљудувано со квадрант.[7]

Алонсо предавал астрономија и космографија на дворот на Карло V. Потоа напишал биографија за Карло V во пет тома, во која се опишуваат некои од шпанските злосторства во Новиот Свет. Ова го вознемирило синот на Карло V, Филип II, кој отстранил три поглавја од биографијата.[8]

Алонсо исто така го создал документот наречен Карта на сите острови од светот („Islario general de todas las islas del mundo“), на барање на кралот Филип II, во 1542 година. Работел на делото на Ернандо дел Пулгар насловено како Историја на католичките монарси. Неговиот син Антонио Понсе де Санта Крус (1561-1632) ја објавил книгата на својот татко Дијагностика и третман на меланхолијата (Dignotio et cura affectuum melancholicorum) по неговата смрт, во 1622 година.

Литература

уреди
  • Cuesta Domingo, Mariano. Alonso de Santa Cruz y su obra cosmográfica. Madrid: Consejo Superior de Investigaciones Científicas 1983.
  • Dahlgrn, E.W. Map of the World by Alonzo de Santa Cruz. Stockholm: Royal Printing Office 1892.
  • Lamb, Ursula. "The Spanish Cosmographic Juntas of the Sixteenth Century." Terrae Incognitae 6:51-62.
  • Pulido Rubio, José. El piloto mayor de la casa de contratación de Sevila. Seville: Tipógrafo Zarzuela 1923.

Наводи

уреди
  1. http://www.as.ua.edu/ant/Mabila/Braund%20MS.pdf[мртва врска]
  2. „Biblioteca Virtual Ignacio Larramendi“. Архивирано од изворникот на 2007-02-17. Посетено на 2018-02-01.
  3. "The European Library 2.2.0", Koninklijke Bibliotheek, with "World map in the form of globe gores" (subsection), 2009, TEL-41.
  4. "Apuntes y Borrador para el Prologo al Yslario General de Alonso de Santa Cruz," Seccion de Patronato, Legajo 260, No. 2, Ramo 6, folio 8, Archive of the Indies, Seville (n.d.).
  5. A Simultaneous View of History: The Creation of A Hypermedia Database, Lily Díaz
  6. Alonso de Santa Cruz, cartógrafo y fabricante de instrumentos náuticos de la Casa de Contratación, Mariano Cuesta Domingo, Revista Complutense de Historia de América, Vol 30, pages 7-40, 2004.
  7. Dictionary of Canadian Biography
  8. Confesionario: Avisos y Reglas Para Confesores by Bartolomé de Las Casas: A Translation and Introduction to Its Historical Context and Legal Teaching, a thesis by David Thomas Orique, O.P.“. Архивирано од изворникот на 2006-11-14. Посетено на 2018-02-01.