Аловина (прасловенски: *olъ) — вид пиво без хмељ.

Историја

уреди

Аловина би можел да биде пијалакот што го спомнал Приск меѓу Словените во средината на 5 век. Напивката се нарекувала камон, а се правела од јачмен. Аловина била правена во Скопје, Ниш и Пирот во 19 век. Таа го зачувала својот континуитет повеќе од 1500 години. Аловината му претходела на пивото. Се правела таму каде што немало хмељ или бил многу скап.

Аловината се приготвувала со киснење и набубрување на јачмен или овес, потоа се сушело и се мелело за да се добие брашно. Од добиеното брашно се замесувало тесто со студена вода и се ставало на дното на некој сад. Врз него се поставувал вжарен камен и веднаш потоа садот се полнел со врела вода, по што доаѓало до вриење, односно ферментација. Така се добивал жолтеникав пијалак со вкус на денешното пиво.[1]

Наводи

уреди
  1. „Првото скопско пиво "Аловина" во најстарата пивска кригла (фото)“. Skopjeinfo.mk. 27.01.2017. Посетено на 29 јули 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)