Алма (Крим)
Алма е мала река на Крим која тече од Кримските Планини во широк правец запад-северозапад кон Црното Море. Нејзиното устие се наоѓа јужно од Pishchane , на половина пат помеѓу Евпаторија и Севастопол. Алма е кримскиот татарски збор за „јаболко“.
Географија
уредиАлма, е формирана од сливот на реките Сари-су, Савлих-су и Бабуганка (Бабуган Јајла), таа тече најмногу низ планините.[1] По должината на нејзиниот тек се наоѓаат резервоарите за вода Алминское и Партизанское.[1]
Историја
уредиЗа време на Кримската војна од 1853–1856 година, во битката кај Алма во близина на долниот тек на реката Алма, сојузничките британски, француски и отомански војски ги поразиле Русите под водство на принцот Александар Сергеевич Меншиков на 20 септември 1854 година[2].
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 . Berlin. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ Callary, Edward (29 September 2008). Place Names of Illinois. University of Illinois Press. стр. 6. ISBN 978-0-252-09070-7.