Александар (кована пара)
Александар — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2015 година.
Александар | |
---|---|
Лице | |
Опачина | |
Поединости | |
Серија | Ден на ангел |
Номин. вредност | 100 денари |
Метал | сребро 925 |
Тежина | 28,28 г |
Димензии | 30 x 50 мм |
Облик | јајчест |
Раб | мазен |
Издадена | 2015 |
Цена | 3.500 ден. |
Опис
уредиЛице
уредиНа лицето од парата е прикажан ангел наведнат над дете во моментот на крштевањето. Претставени се обоени, златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел на лицето на монетата е прикажан грбот на Република Македонија. На десната страна, по должината на периметарот, се прикажни натписите: „Република Македонија“ и „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“.[1]
Опачина
уредиНа опачината од парата, во средишниот дел од монетата е претставен ликот на Свети Александар Невски, кнез на Новгород, велики кнез на Киев и велики кнез на Владимир, еден од најголемите руски херои во историјата, прогласен за светец од страна на Руската православна црква во 1547 година. Во долниот дел на кованата пара е прикажанат црквата на Свети Александар Невски во Дмитров, Русија. На левата страна се прикажани лисја и плодови од костен, симбол на името на Александар. На левата страна е вметнат кристал „сваровски“, кој го претставува среќниот камен на Александар (александрит). На десната страна е напишано името „Александар“ (на македонски и на руски јазик), а на левата страна се прикажни натписите: „Ден на Ангел“ (на македонски) и ознаката „Аg 925“.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „АЛЕКСАНДАР"“. Посетено на 8 јануари 2018.