Александар Средобински
Александар Ѓорѓиев Средобински ( 1915 во Скопје — 17 октомври 1944 во Раштак, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПроизлегува од градско семејство. Завршил основно и средно образование во родното место. Бил еден од напредните интелектуалци, кои активно се приклучиле во подготовките за оружено востание против окупаторот. На 15 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада и станал борец во младинскиот баталјон, кој бил ударна сила на бригадата во борбите против непријателот. Во борбите се истакнал како храбар и смел борец против балистичките банди. Честопати се јавувал како доброволец во разни акции. На 17 октомври 1944 година храбро загина, во борбата против непријателот кај селото Раштак.