Александар Антонов

Александар Антонов (псевд. А. Горов, Севастијанов) (Пирдоп, Бугарија, 1881Софија, 3 април 1907) – бугарски социјалист од групата пролетари.

Александар Антонов

По завршувањето на Битолската гимназија кратко време учителствувал во Кочанско, а потоа се вклучил во македонското социјалистичко движење „Класно сознание“. Го потпомагал Пејо Јаворов во издавањето на весникот „Дело“.

За време на Илинденското востание е четник во четата на неговиот сограѓанин Никола Пушкаров.

По крајот на востанието пишува статии во „Пролетариј“, „Ново време“, „Македоно-одрински преглед“ и „Црвен народен календар“.

Го проучувал економскиот и револуционерниот проблем во Македонија и Европска Турција. Интелигенцијата ја сметал за предводник на ослободителната борба.

Тешко болен, се самоубил.[1]

Наводи

уреди
  1. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, том I, 72 стр.