Алгебарски запис (шах)

начин на заведување на потезите во шахот
(Пренасочено од Алгебарска нотација)

Алгебарски запис или алгебарска нотација — начин на запишување (изразување) на потезите во партии шах, присутен во шаховската литература. Најчестоит облик опишан овде е т.н. скратен (краток) алгебарски запис, за разлика од проширениот (долг) алгебарски запис. Во шаховската литература на англиски јазик, овој систем почнува да го заменува дотогашниот описен запис во 1970-тите. Алгебарскиот запис во тоа време бил широкозастапена во други краишта.

Шаховси запис на табла

Иманување на полињата

уреди

Записот започнува со доделување на единствена ознака за секое поле на шаховската табла.

Најпрвин редовите (хоризонталите низи од гледна точка на играчите) се означени со малите латинични букви a до h, броејќи од лево на „белиот“ играч. Така редот a е од лево на белиот играч, а од десно на црниот. Потем колоните (хоризонталните низи меѓу играчите) се нумерирани од 1 до 8, започнувајќи од првиот ред на белиот играч. Така првата низа на црниот играч е 8. Секое поле на таблата има своја комбинација од бројка и буква. така, на пример, белиот крал започнува од позиција e1. Црниот коњ од b8, па може да оди на a6, c6 или d7 (доколку на нив нема други црни фигури).

Имиња на фигурите

уреди

Секој вид на шаховска фигура (освен пионите) се обележува со голема латинична буква, обично по буквата со која името на фигурата започнува, на кој и да е јазик. Во англофонската (а и македонската) употреба се користи K за крал, D за дама, Т за топ, L за ловец, и S за коњ (скокач) (бидејќи K веќе се користи).

Бидејќи имињата,а со тоа и кратенките на фигурите се разликуваат од земја до земја, буквите се заменувааат со знаци (фигурен запис).

Пионите не се обележуваат со буква, но со самото немање на буква - бидејќи и така нема потреба да разликуваме меѓу самите пиони - секој пион може да оди по само едно поле (земањаа се изразуваат различно; видете подолу).

Запис на потези

уреди

Секој потег се обележува со името на фигурата, плус ознака на одредиштето на неговиот потег. На пример Le5 (ловец оди на e5), Sf3 (коњ оди на f3), c5 (пион оди на c5 — без иницијал за пешачките потези). Во некои изданија фигурите се обележуваат графички: на пример, ♞c6. Ова се нарекува фигурен алгебарски запис или ФАЗ и ја има предноста што не зависи од ниеден јазик.

Запис на земања

уреди

Кога една фигура зема, ставаме x помеѓу почетното и целното поле на тој потег. На пример, Lxe5 (ловец зема фигура на e5). Когак пак пион зема, го користиме редот од каде пионот тргнал наместо иницијал. На пример, exd5 (пешак на ред e зема фигура на d5). Понекогаш кога ова е јасно и недвосмислено, земање пион се обележува само со редот, како на пр. exd, ed5 или ed.

Понекогаш се користат две точки (:) наместо x, или на истото место каде оди x (L:e5) или по потегот (Be5:). Ан пасан земања (видете пион) се означуваат со појдовниот ред на пионот кој зема, x-от, и целното поле (а не местото на земениот пион), и по избор, може да се додаде „e.p.“ Никогаш не е неопходно да се укаже на тоа дека земањето било ан пасан за земање од ист ред, но не-ан пасан би имал различно целно поле. Во рамките на САЗ (стандарден алгебарски запис), ознаката за земање „x“ е задолжителна, додека наставката за ан пасан (земање на поминување) „e.p.“ е секогаш забранета.

Во некои книги, како да речеме Енциклопедија на шаховски отворања, ознаките за земање се сосема испуштени.

Појаснување на потези

уреди

Ако два (или повеќе) идентични фигури можат да одат на едно исто поле, по инцијалот на фигурата ставаме (по обратен редослед на претпочитање):

  1. редот од кој поаѓаат, ако се разликува;
  2. колоната од која поаѓаат, ако редовите се исти;
  3. и редот и колоната ако ниедно само по себе не ја дефинира фигурата (по промоција на пион, ако три или повеќе од истата фигура можат да го достигнат полето).

На пример, со два коња на g1 и d2, било кој од нив може да оди на f3, потегот се обележува со Sgf3 или Sdf3. Со два коња на g5 и g1, потезите се S5f3 или S1f3. Како погоре, можеме да користиме x за изразување на земањето: на пример, S5xf3.

Пешачка промоција

уреди

Ако пешакот го достигне првиот ред на противникот, и со тоа добие промоција, по потегот се назначува избраната фигура, како на пр. e1D, b8L. Понекогаш се користи знак „=“ или загради: f8=D или f8(D), но овие не се според ФИДЕ стандарди. (впрочем знакот „=“ се користи за означување предлог за реми.)

Рокада

уреди

Рокадата се изразува со посебен запис 0-0 за онаа од кралева страна и 0-0-0 за онаа од краличина страна (додека ова е начинот на ФИДЕ водичот, во ППЗ наместо тоа се користи O-O и O-O-O). По избор ова може да се назначи и со самиот потег на кралот, бидејќи поместување на кралот преку повеќе од едно поле подразбира рокада. На пример, Kg1.

Шах и мат

уреди

Потег кој го става кралот во шах-позиција обично се изразува со додатен знак „+“. Некаде се користи и . Двојниот шах понекогаш се изразува со „++“. Мат може да се изрази со „#“ (некаде „++“, но Шаховската сојуз на САД користи „#“). Понекогаш се користи и . По записот, прифатливо е и да се напише и зборот мат.

Крај на партијата

уреди

Записот 1-0 на крајот од потезите значи дека белиот победил, 0-1 значи дека црниот победил, додека ½-½ значи реми.

Пример

уреди

Потезите се изразуваат на еден од два начина.

(1) напишано во две колони, како бел/црн пар, претходен од бројот на потег и точка:

1. e4 e5
2. Sf3 Sc6
3. Lb5 a6

(2) во текст: 1. e4 e5 2. Sf3 Sc6 3. Lb5 a6.

Потезите може да бидат растурени со текст. Кога се продолжува со потег на Црниот, местото на потегот на Белиот го зема знакот три точки (...), на пример:

1. e4 e5
2. Sf3
Сега црниот го заштитува пешакот, играјќи
2. ... Sc6
3. Lb5 a6

Класификација на завршници

уреди

Завршниците се класифицираат по материјалот на таблата. ПО стандардниот систем се наведуваат фигурите на секој играч, заедно со кралевите, во следниот редослед: крал, кралица, ловци, коњи, топови, пиони. Секоја фигура е означена со својот алгебарски знак.

На пример, ако Белиот има крал и пион, а Црниот само крал, завршницата се класифицира како KPK. Ако Белиот има ловец и коњ, а Црниот топ, тогаш завршницата се класифицира како KBNKR. Но KNBKR би било неточно; ловците доаѓаат пред коњи.

Во позиции со два или повеќе ловца на таблата, може да се додаде ознака за ловци за појаснување на ситуацијата. Постојат два метода. Неформалниот метод означува една боја на полињата како „x“, а другата како „y“. Завршница KBPKB може да се запише како KBPKB x-y ако ловците се со спротивни бои, или KBPKB x-x ако се со исти. Поформалниот метод е користење на четвороџифрена наставка во обликот abcd:

  • a = број на Бели ловци на бело поле
  • b = број на Бели ловци на црно поле
  • c = број на Црни ловци на бело поле
  • d = број на Црни ловци на црно поле

Така, горенаведената завршница може да се изрази како KBPKB_1001 за ловци од спротивни бои, и KBPKB_1010 за ловци со исти бои.

ГБР кодот е уште еден алтернативен метод на класифицирање на завршници.

Слични записи

уреди

Честопати партиите се чуваат на сметачките податотеки во преносен запис (ППЗ), која користи алгебарски запис и дополнителни знаци за изразување на играта.

Долг алгебарски запис

уреди

Некои сметачки програми (а и луѓе) варијанта на алгебарската шаховски запис наречен долг запис или наполно проширен алгебарски запис. кај наполно проширениот алгебарски запис, потезите се опишани по нивната почетна и целна позиција одделени со цртичка. Пример: „e2-e4“. Записите од краткиот често се користат во долгиот алгебарски запис, во конструкции како „Nb1-c3“ или „Rd3xd7“. Овој запис зема повеќе простор и затоа не се користи често. Меѓутоа истата е појасна, особено за помалку вешти играчи или почетници кои ја учат играта.

Некои книги кои ја користат краткиот алгебарск запис користат долг запис наместо начините на појаснување.

Бројчен запис

уреди

Кај меѓународниот дописен шах употребата на алгебарскиот запис може да предизвика забуни заради различните називи (а со тоа и иницијали) на фигурите на разни јазици; затоа стандардот за опис на потези во ваквиот шах е дописен запис.

Стенографски запис

уреди
Главна статија: Интерпункција (шах)

Следниов стенографски запис честопати се користи за изразување на потези:

  • ! добар потег
  • !! одличен потег
  • ? лош потег
  • ?? многу лош потег
  • !? интересен потег, кој можеби не е најдобар
  • ?! сомнителен потег, но не и лесно побивлив
  • изнуден потег (цугцванг)
  • ∇ противничкиот план против кој ова брани
  • Δ идниот план во чија полза е ова

и многу други.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди


  Шах

Фигури | Табла | Правила | Отворања | Стратегија | Тактика | Завршници | Историја | Запис