Косовски Албанци

(Пренасочено од Албанци во Косово)

Косовските Албанци (албански: Shqiptarët në Kosovë) се најголемата етничка група во Косово и според уставот на Србија една од етничките групи во Србија. Според српското гледиште тие се дел од Српските Албанци, а според косовското гледиште тие се мнозинска етничкта група во независна Република Косово. Според југословенскиот попис од 1991 година, бојкотиран од Албанците, на Косово имало 1,596,072 етнички Албанци или 81.6% од населението. По пресметките во 2000, на Косово имало меѓу 1,584,000 и 1,733,000 Албанци или 89% од населението, но денеска нивната процентуална застапеност е над 92%. Албанците на Косово зборуваат гегскиот албански, или поспецифично северната и североисточната варијанта.

Албанците на Косово во 1991.

Косовските Албанци се етнички Албанци со потекло во регионот, без разлика дали живеат на Косово. Формирана е голема Косовска дијаспора од почетокот на Косовската војна, главно во Германија и Швајцарија. Вкупно 500,000 Косовски Албанци живеат во Швајцарија и Германија (околу 300,000 во Германија и 200,000 во Швајцарија), што е една петтина од вкупниот број на Косовски Албанци. Според пописот од 1991, Албанците биле мнозинство во 23 од денешните 29 општини на Косово (во останатите 6, мнозинството беа Срби или Горанци).

Историја

уреди

Пред Првата светска војна

уреди

Албанското присуство на Косово е евидентирано од средниот век. Албанскиот етнички идентитет на голем дел од албанското население и другите етнички групи не постоеше на Косово во текот на османлиското владеење. Како што Србите протераа голем дел на Албанци од регионот на Ниш, Пирот, Лесковац и Врање во Јужна Србија, кога Берлинскиот конгрес му ги отстапи овие територии на Србија, голем дел од ова население се досели во Косово, каде тие беа познати како мухаџири (што во превод значи протерани). Голем број на потомци на ова население го носат презимето Мухаџери.

Како реакција против Берлинскиот конгрес, кој му отстапи некои албански население територии на Србија и Црна Гора, Албанците, претежно од Косово, ја формираа Призренската лига во Призрен во јуни 1878. Стотици албански водачи беа собрани во Призрен и се противеа на српската и црногорската јурисдикција. Србија се побуни до Западните сили дека ветените територии не беа држани затоа што Отоманците се плашеа да го сторат тоа. Западните сили ставија притисок врз Отоманците и во 1881, Отоманската армија почна да се бори против Албанците. Призренската лига создаде влада со претседател, премиер и министер за војна и надворешни работи. По три години војна, Албанците беа победени. Многумина од нивните водачи беа убиени и затворени. Во 1910, албанско востание се прошири од Приштина и траеше до посетата на Султанот на Косово во јуни 1911. Целта на Призренската лига беше да ги обедини четирите албанско населени вилаети составувајќи го мнозинството на Албанците во Отоманското Царство во еден албански вилает. Но сепак, тоа време Србите сочинуваа 25% од населението во целиот Косовски вилает и се противеа на албанските цели заедно со Турците и другите Словени на Косово, кои ги стопираа од намерата Албанците да воспостават нивно владеење на Косово.

Поврзано

уреди