Албански пашалаци

(Пренасочено од Албанските пашалаци)

Создавање на Албанските пашалаци

Дел од темата Албанија

Историја на Албанија

Античка историја

Рана историја
Илири
Илирик

Среден век

Византиска власт
Самоилова власт
Српска власт
Арберска власт
Кралство Албанија
Лешка лига
Венециска власт

Османлиска власт

Независност

Современа Албанија

Кнежевство Албанија
Кралство Албанија
Албанска Република
Италијанска власт
Германска власт
Комунистичка Албанија
Албанија

Портал:Албанија

Список на албанските пашалаци

уреди
Бр Пашалак Паша Години
1 Скадарски пашалак Кара Махмуд Бушатлија 1757–1831
2 Јанински пашалак Али-паша Јанински 1787–1822
3 Белградски пашалак Ахмет Курт-паша 1774–1809
 
Гробот на Али-паша.

Скадарскиот пашалак

уреди

Во XVIII век во Албанија се формирале териториално-политички заедници. Тие биле предводени од богатите муслимански фамилии. Најпознати пашалаци биле: Скадарскиот, Белградскиот и Јанинскиот пашалак. Во 1757 година во Скадарскиот пашалак за предвосник бил избран Мехмед Паша Бушатли. Уште во почетокот на неговото владеење тој почнал да спроведува толератна политика. Тој потоа ја добил титулата везир и во Скадарскиот пашалак влегле градовите: Драч, Тирана, Мердита и др. Потоа влегле и Дукаѓинскиот пашалак, Охридскиот и Елбасанскиот пашалак. По неговата смрт на чело дошол Махмуд-паша и во негово време го проширил Скадарскиот пашалак на север до Подгорица и Шпуза и во Подгорица формирал „Илирска конфедерација“. По негова смрт дошол неговиот брат Имбрахим-паша и тој го проширил пашалакот на југ до Шкумба и на север до Призрен, Приштина и Тетово. Потоа на неговото место дошол неговиот брат Мустафа-паша. Тој бил близок со султанот и со Англија. По 75 години автономна политика Скадарскиот пашалак се распаднал.

Белградски пашалак

уреди

Во средината на XVIII век во јужниот дел на Албанија во градовите Валона и Белград се појавиле неколку феудални семејства. Во 1764 година како водач бил избран Ахмет Курт-паша. Уште на почетокот сакал да го прошири санџакот но во тоа не успел бидејќи бил поразен во војните со Бушатлиите и со Каплан-паша од Делвина, но и во борбите со народот во Тирана. По смртта на Ахмет Курт-паша неговиот пашалак го заземал Али-паша Тепелена.

Јанинскиот пашалак

уреди

Со јанинскиот пашалак раководел Али-паша Тепелена. Уште на почетокот тој се истакнувал со знаење и големи способности. Користејки ја ситуацијата кога султанот водел војна со Русија во 1787 г. тој го заземал Јанинскиот пашалак. Исто така ги освоил и градовите Арта и Горица (Корча). Али-паша бил многу близок со Англија, Русија и Франција. Тие му помагале да се отцепи од Осмаската империја.Исто така бил близок со Бонапарта. Тој формирал силна војска и потоа заводел војна со султанот тој од страна на своите блиски бил предаден и во тој случај не можел да се одбрани и потоа тој продолжил со војување и го убиле во 1822 година.