Актинија
Актинија еквина
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Cnidaria
Класа: Anthozoa
Ред: Actiniaria
Семејство: Actiniidae
Род: Actinia
Linnaeus,Actinia Linnaeus, 1767 World Register of Marine Species. Retrieved 2011-08-31.

Актинијата живее на морското дно или крај бреговите.

Особености

уреди

Долниот дел од телото е мускулест и проширен, актинијата е цврсто прилепена за дното и на валчестото тело полека се движат многу долгнавести пипки и со нивна помош се приближува храната кон устата што се најдува во средината. Кога на пипките (израстоците на актинијата) се стави риба или рак, за кратко време тие ќе бидат замајани, усмртени и проголтани. Актинијата со помош на пипките може да лови плен поради што уште се викаат ловни пипки.

Во ловните пипки има отров па затоа актинијата е отровна, целото тело, а особено нејзините пипки со вооружени со многу ситни отровни меурчиња и во меурчињата се наоѓаат подвиткани камшици што се испружуваат и како осилка се забиваат во телото на животното што ќе го допре актинијата. Од меурчињата се исцедува отров што ќе усмрти пленот. Меурчињата со камшици и отров се викаат копривни журкала. Отровот е опасен за човекот, актинијата што ќе го штипне човекот ќе чувствува болка повеќе денови. Поголемо количество отров може да предизвика потешки последици (температура, повраќање).

Сродници на актинијата

уреди

Во морето живеат голем број корали, сродници на актинијата. Мнозинството од нив не живее поединечно туку во големи групи, наречени корални задруги. Како и сунѓерите така и коралите се размножуваат најмногу со пупење, но и со јајца. Од едниот корал израстува друг, па од него трет, а со понатамошно пупење се образуваат голем број корали кои се поврзани еден со друг. Во Јадранот живее црвениот корал. Задругите на црвениот корал имаат облик на гранка и на сите страни се гледаат како бели цветчиња, ситни корали со осум пипалца. Скелетите на коралите се од варовник, таков е скелетот и на црвениот корал, поради убавата боја и цврстина од скелетот се прави накит, како белегзии, ѓердани и др. Скелетите на коралите прават недогледни гребени, корални острови (атоли).

Видови актинии

уреди

Некои видови на актинии:

  • Актинија астер;
  • Актинија бермуденсис;
  • Актинија сулката;
  • Актинија кари;
  • Актинија цинереа;
  • Актинија мамиларис;
  • Актинија еквина;
  • Актинија фисцела;
  • Актинија гландулоса;
  • Актинија грацилис.

Галерија

уреди