Аксиох (грчки: Ἀξίοχος) ― сократски дијалог кој му се припишува на Платон, но кој се смета за лажен повеќе од 400 години. Делото датира од хеленистичкиот период, околу 1 век п.н.е. Авторот веројатно бил платонист,[1] или можеби новопитагорец.[2] Тоа е дел од утешната книжевност која била популарна во хеленистичкото и римското време, иако е невообичаено да се упатува на некој што е блиску до смртта, а не на некој што изгубил близок.[1]

Во дијалогот, Аксиох се доближил до смртта и е исплашен од искуството, и покрај неговата блискост со аргументите што требале да го натераат да го презира стравот од смртта. Сократ е повикан до неговиот кревет и го теши со широк спектар на учења за да му помогне на Аксиох да ја дочека смртта како ослободување на душата на подобро место.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 John Madison Cooper, D. S. Hutchinson, (1997), Plato, Complete works, page 1734. Hackett Publishing.
  2. Вилијам Кит Чејмберс Гатри (1986), A history of Greek philosophy, page 395. Cambridge University Press

Надворешни врски

уреди