Ако дрво падне во шума
„Ако едно дрво падне во шума каде нема никој да го чуе, дали тоа прави звук?” е филозофска загатка која ги покрева прашањата за набљудувањето и спознавањето на реалноста.
Историја
уредиФилозофот Џорџ Баркли, во своето дело, Расправа за принципите на човековото знаење, зборува:
- „Но, кажи, сигурно нема ништо полесно од тоа јас да замислам дрвја, на пример, во парк [. . .] и никој во близина да не ги здогледа. [...] Предметите од смисла постојат само кога се перцепирани, затоа дрвјата се во градината. [. . .] не подолго од тогаш кога некој ги перцепира.“
Всушност, Баркли никогаш не се осврнал на прашањето. Неколку години подоцна, не се знае дали од Баркли, во списанието Шаутакван во јуни 1883 година беше поставено прашањето:
- „Ако едно дрво падне на остров каде нема човечки битија, дали би имало некаков звук?“
Тие понатаму го одговараат прашањето со: „Не. Звукот е сензација поттикната во увото кога воздухот или друг медиум е во подем.” Од ова се чини дека прашањето не е поставено од филозофска гледна точка, туку од чисто научна. По една година списанието Сајентифик Американ се посветило на техничкиот аспект од прашањето, не обрнувајќи внимание на филозофската страна кога го поставиле прашањето малку изменето:
- „Ако дрво падне на ненаселен остров, ќе има ли звук?“
Одговарајќи со: „Звукот е вибрација пренесена до мозокот преку механизмите на увото и препознаено како звук само од нашите нервни центри. Падот на дрвото или кое било друго вознемирување ќе предизвика вибрирање на воздухот. Ако нема уши за да слушнат, нема да има звук.”
Денешната фраза потекнува од кингата Физика на Чарлс Рајборг Ман и Џорџ Рансом Твис, од 1910 година. Прашањето „Кога едно дрво ќе падне во осамена шума, и нема ни едно животно за да го чуе, дали произведува звук? Зошто?” - заедно со ред други прашања е поставувано како трик прашање на читателите во контекст на поглавјето, и како такво е поставено чисто од физичка гледна точка.
Метафизика
уредиМожноста за постоење на неперцепирано битие
уредиГлавна статија: Џорџ Баркли
„Може ли нешто да постои а притоа да не биде перципирано?” – цитирано од Памела Џексон – пример: „Дали звукот е звук само ако човек го чуе?“ Првата филозофска тема воведена од загатката го вклучува постоењето на дрвото (и звукот што го произведува) надвор од човековата перцепција. Како може да кажеме дека постои ако нема кој да го види, чуе, допре или помириса дрвото? Што е тоа па да се каже дека постои кога таква егзистенција е непозната? Од научна гледна точка се разбира дека постои. Луѓето се тие кои можат да го перцепираат.
Во XVIII век Џорџ Баркли ја разви метафизичката теорија субјективен идеализам за да одговори на овие прашања, познато образувано како „Да се биде е да се биде перцепиран“. Денес, метафизичарите се поделени. Според теоријата на супстанцијата, супстанцијата се разликува од своите својствa, додека според Бандл теоријата, еден објект е самиот податок на сетилата. Дрвото нема да произведе звук.
Познавање на ненабљудуваниот свет
уредиГлавна статија: Ефект на набљудувачот
Можеме ли да претпоставиме дека ненабљудуваниот исто функционира како и набљудуваниот свет? – пр. „дали набљудувањето влијае врз резултатот?"
Едно слично прашање не го вклучува тоа дали ненабљудуваниот настан се развива предвидливо, како набљудуваниот. Антропичниот принцип укажува на тоа дека набљудувачот, со самото постоење, би ја нарушил набљудуваната реалност. Иако повеќето луѓе, како и научниците, претпоставуваат дека набљудувачот не го менува тоа дали падот на дрвото произведува звук или не. Оваа претпоставка е невозможно да се докаже. Меѓутоа многу научници расправаат дека „вистински ненабљудуван настан е оној кој нема никаков ефект (не дава никакви информации) врз кој било друг (каде којбило друг би бил човек, диктафон или камен), и затоа не може да има отисок на сегашниот (или тековниот) поширок физички универзум. Тогаш може да се признае дека ненабљудуваниот настан бил во целост еднаков на настан кој воопшто не се случил.“ Се разбира, фактот дека знаеме дека дрвото ја променила својата состојба од исправена во легната подразбира дека настанот мора да бил набљудуван за воопшто да се постави прашањето, дури и само од случајно присутен глув сведок.
Британскиот филозоф на наука, Рој Баскар, заслужен за развојот на критичкиот реализам тврди со очигледното осврнување кон ова прашање дека:
- Ако човекот исчезне, звукот би продолжил да патува и тешките тела би продолжиле да паѓаат на земјата токму на ист начин, иако според претходната хипотеза нема да има кој да сведочи.
Ова постоење на ненабљудувана реалност е составен дел на онтологијата на Баскар која тврди (во спротивност на различните видови на оптивизмот кој доминираа во општествените и природните науки во дваесеттиот век) дека вистинските структури постојат независно од и се често неусогласени со шаблонот на настаните. Ова го направи неговиот пристап славен меѓу современите марксисти во природните науки - особено Алекс Калиникос – кој го претполага постоењето на вистински општествени сили и структури кои не секогаш можат да бидат видливи.
Различноста помеѓу сензацијата и реалноста
уредиКоја е разликата помеѓу она нешто што е, и како се чини дека е? – пр. „звукот е промена на притисокот што се шири преку материјата како бран."
Можеби најважната тема понудена од загатката е поделбата помеѓу перцепцијата на објектот и каков е тој објект навистина. Ако дрвото постои надвор од перцепцијата тогаш никако не можеме да знаеме дека тоа дрво постои. Па тогаш, што се подразбира под 'постоење'? Дури и Дизни Ворлд, ако речеме дека постои независно од фактот дека никогаш не сме го виделе, слушнале, мириснале, лоцирале, никогаш не сме го искусиле, ако речеме дека 'знаеме' дека постои бидејќи сме слушнале приказни за него, зарем тогаш Дизни Ворлд не постои во нашето знаење, во нашата перцепција, во нашиот ум исто како што би постоело сеќавање во нашиот ум? Па тогаш што е разликата помеѓу перцепцијата и реалноста? Исто така, луѓето би кажале дека ако дрвото постои надвор од перцепцијата (како што налага здравиот разум) сепак би произвело звучни бранови. Но, овие бранови, всушност, не би звучеле никако. Звукот ќе се случи како што е механички разбран, но нема да се случи како што е сензациски разбран. Во тој случај, како се знае дека „звукот ќе се случи како што е механички разбран“ ако звукот не е перцепиран?
Оваа загатка го објаснува Џон Локовото познато разликување на основни и второстепени квалитети. Ова разликување скицира кои квалитети се аксиоматски апсорбирани од еден објект и кои квалитети се припишани на објектот. Со други зборови, црвеното нешто не е навистина црвено ('црвено' е второстепен квалитет), слаткото нешто не е навистина слатко, звукот не звучи никако, но тркалезниот објект е тркалезен.
Будистички перспективи
уредиТибетски
уредиОд триесет и седумте Бодисатва практики на Нгулчу Тогме Зангпо, „22 Појавите се сопствени проекции на умот. Од самиот почеток, природата на умот е ослободена од крајностите на усовршувањето. Знаејќи го ова, не вклучувањето на умот во двојството субјект-објект е практиката на Бодисатва."
Зен
уредиЗнамето на Хуи-Ненг
уредиПостои добро позната приказна за Хуи-Ненг, почитуван будистички монах кој подоцна стана познат како основач на Зен школата, кој еден ден пресретнал двајца монаси.
- Двајца монаси расправаа за знамето на храмот кое се вееше на ветрот. Првиот рече: „Знамето се движи.” Вториот рече: „Ветрот се движи.” Расправаа, но никако да се согласат. Шестиот предок рекол: „Господа! Не е ветрот тој кој се движи; Не е знамето тоа кое се движи; вашиот ум е тој кој се движи.” Двајцата монаси замолкнаа во стравопочит.
-Случајот Мумонкан 29, превод - Роберт Аиткен.
Хуи Ненг ја добива дармата
уредиЕден ден на монасите од манастирот Хуанг-Меи им било кажано да напишат строфа со цел нивниот учител Хунг-Јен да би можел да реши кој ќе го наследи дарма престолот. Сите монаси претпоставиле дека постариот ученик Шен-Хсуи ќе победи и не ни помислиле да ги напишат строфите. Така мислел и Шен-Хсуи па ја напишал следнава строфа на ѕидот од храмот:
- Телото е дрво на просветлување
- Умот, како исправено огледало бистро
- Во секое време чисти го внимателно
- Не давај ни прашинка на него да падне.
Поради опасноста од отворено оспорување на постарите ученици од Хуанг-Меи, Хуи-Ненг излегол една ноќ во потполната темнина и тајно ја напишал следнава строфа:
- Нема дрво на просветлување
- Ниту пак огледало бистро
- Ако суштински, ништо не постои,
- Како ќе се крене прашинка?
Подоцна, учителот Хуен-Јен ја видел оваа строфа и потврдил дека тој што ја напишал оваа строфа, навистина ги отворил очите на својот ум. Кога открил дека тоа е дело на Хуи-Ненг, учителот Хуен-Јен му ги предал тајните учења на дармата на нивната лоза (која како што Хуи-Ненг рекол дека во целост му го отворила умот) и му ги предал дарма стапот и наметката сиболизирајќи го неговиот статус како Патријархот на лозата. Хун-Јен му кажал на Хуи-Ненг дека мора да го напушти манастирот од страв да не го убијат Шен-Хсуи и неговите следбеници. Хуи-Ненг направил како што му било кажано. Откако некое време живеел со ловџии се вратил за да стане шестиот Патријарх и да ја предаде дармата во форма како што сутрата би била искажана од шестиот патријарх.
Хуи-Ненг ја започнал школата на ненадејност која учи дека умот се реализира моментално, додека Шен-Хсуи ја започнал школата на постепеност која учи, како и неговата строфа погоре, вид на „бришење на прашина” медитација. Денес, Зенот го отелотворува стилот на Хуи-Ненг и неговата школа на ненадејност, особено со Сатори.