Акихабара
Акихабара (јапонски: 秋葉原), исто така позната како „Електричен град Акихабара“ (秋葉原電気街 Akihabara Denki Gai), е област во Токио, Јапонија. Се наоѓа на помалку од пет минути од станицата Токио ако се патува со воз. Во Јапонија нејзиното име често се крати на Акиба (アキバ).[1] Иако во близина постои официјална месност наречена Акихабара (како дел од Таито-ку), која со канџи се пишува исто (秋葉原), областа позната како Акихабара на повеќето луѓе (вклучувајќи ја и железничката станица со истото име) ја вклучува и областа Сото Канда, дел од реонот Чијодаку.
Акихабара 秋葉原 | |
---|---|
кварт | |
秋葉原 | |
Акихабара електричен град | |
Локацијата на Акихабара во Јапонија | |
Локацијата на Акихабара во Јапонија | |
Координати: 35°41′54″N 139°46′20″E / 35.69833° СГШ; 139.77222° ИГД |
Опис
уредиАкихабара е една од главните области за шопинг на електронски, компјутерски, аниме и отаку прозводи, како нови, така и користени[2]. Нови производи претежно може да се најдат на главната улица, Чуодори, а многу видови користени производи можат да се најдат во задните улиците на Сото Канда Санчоме. Нови делови за градење на лични сметачи се лесно достапни во разни продавници. Алатки, електрични делови, жици, микро камери и слични производи можат да се најдат во тесните улички на Сото Канда Ичичоме (во близина на станицата). Странските туристи најчесто одат во познатите продавници како што е Лаокс (Laox) или други специјализирани продавници во близина на станицата, иако има голем избор и пониски цени во продавници кои се малку подалеку. Акихабара се стекна со слава со тоа што таму се отвори една од првите продавници посветени на лични роботи и роботика.
Оваа статија содржи јапонски текст. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи наместо канџи и кана. |
Историја
уредиВо минатото оваа област била блиску до градската порта Суџикаи Гомон (денес мостот Мансе), една од градските порти („мицуке“) на стариот Едо (Токио). Портата водела од внатрешно Едо до северна и северозападна Јапонија и храмот Канеџи во Уено. Таму живееле многу продавачи, занаетчии и релативно пониска класа самураи.
Хронологија
уреди- 1869 г.: Голем пожар ја уништил областа. Со тоа се донела одлука да се исчистат 30,000 квадратни метри земјиште, со цел да се спречи во иднина пожари да навлезат во внатрешноста на Токио.
- 1870 г.: На ова расчистено земјиштето бил изграден мал шинто храм кој некогаш бил во стариот Едо замок. Името на храмот бил Чикаша (јап.: 镇火社) што значи „храм на изгасувачот на оган“). Но, многу жители во центарот на Токио не ја разбрале смислата на храмот. Тие мислеле дека храмот е посветен на богот Акиба или Акиха (јап.: 秋葉), кој бил најпопуларниот бог во централна и источна Јапонија што го контролирал огнот. Тие, исто така расчистеното земјиштето го нарекле „Акиба га хара“ или „Акибапара“ што значи „полето на богот Акиба“[3].
- 1888 г.: Храмот бил преместен во Мацугаја, во близина на Асакуса.
- 1890 г.: Била проширена железничка линија (денес Главната линија Тохоку) од Уено до Акихабара. На почетокот немало патнички услуги, а на југ од станицата биле доковите за карго на Акихабара, каде што стоки од цел свет ќе се носат преку реката во областа Канда и од источниот брег на каналот ќе се испраќаат до централниот шалтер за карго транспорт.
- Од периодот Мејџи до периодот Шова, како што електричната железница го подобри превозот до Акихабара и околината, и особено поради растот на бизнисот, областа ќе стане пазар за зеленчук и овошје (јап.: 青果市场 (Сека Ичиба)).
- 1925 г.: Се отворила линијата Акихабара-Токио со продолжување на линијата од Тохоку до Токио.
- 1930 г.: Се отворила привремената подземна железничка страница Мансебаши која се затвори во ноември 1931 година.
- 1935 г.: Официјално воспоставување на Сека Ичиба (Канда Сека Ичиба).
- 1936 г.: Станицата Мансебаши била затворена (подоцна станала Музејот за транспорт кој денес е затворен). Железничката манија го достигнала својот врв. Областа станала место број еден за електрични добра.
- Околу 1945-1955 г. По Втората светска војна, околу првото училиште за електрично производство (денес Универзитетот Токио Денки)во Канда се развил црн пазар. Концентриран околу главната линија Собу, она што започнал како домаќин на продавници за бела техника кои продавале вакуумски цевки, радио апарати и електрични елементи на студентите, денес е познат како Електричен град. Продавниците наречени „мусен“ или „безжични“ проданици биле првите кои започнале да продаваат радио апарати. Со доаѓањето на безжичните и радио апарати, луѓето станаа многу поповрзани.
- 1960 г.: Благодарение на напредната технологија, соперничката област Нипонбаши во Осака стана подеднакво истакнат електричен град, со продажба на огромни количини трајни добра од апарати за домаќинство како што се телевизори, фрижидери и машини за перење.
- 1980 г.: Заедно со зголемување на присутноста на личниот сметач (Famikon) во домовите, локалните продавници сè повеќе почнале да продаваат видео игри, а на пазарот се појавиле и големи синџири на продавници за видео игри.
- 1989 г.: Канда Сека Ичиба се преместила во Отаку, јужна област на Токио.
- 90-тите: Со појавувањето на синџирите продавници за апарати за домаќинство „Јамада“ и „Коџима“ во приградски делови на Токио, продажбата на трајни добра во Акихабара значително се намалила, но продажбата на компјутерски трајни добра се зголемила во еднаква мерка.
- 1991 г.: „Софтмап“ го започна својата подем како еден од главните продавачи на нови и користени компјутерските делови и софтвер од јапонскиот пазар, вклучувајќи ги и најпопуларните системи од NEC (PC-8801 и 9801), Sharp (Шарп) (X68000) и Fujitsu (Фуџицу) (FM-Towns). Продавници од синџирот „Софтмап“ започнаа да се отвораат на различни локации во Акихабара.
- 1994 г.: Настана бум на Windows PC и почна да расте бројот на компјутерски продавници каде можеше да се најде.
- Исто така, во текот на 90-тите, од видео игрите се роди аниме ентузиазмот, и група млади луѓе познати како отаку почна да ја преплавуваат Акихабара.
- Од 2000 година, со опаѓањето на продажбата на компјутерските брендови, на местото на многу продавници за компјутерска техника се појавија продавниците за аниме, продавајќи добра на отаку толпата.
- 25 август 2005 г.: Се отвори Цукуба Експрес во Акихабара, најбрзата приватна железница во Токио.
- Од 2005 г. станицата и околината беа обновени и модернизирани.
- 8 јуни 2008 г.: Се случи масакрот во Акихабара[4] на улицата Чуодори која во недела станува пешачка зона. Еден човек уби седуммина во напад врз толпа со камион и нож. Како резултат на ова, полисата „само за пешаци“ (歩行者天国, hokoushatengoku; бук. „пешачки рај“) за време на викенд на улицата Чуодори во близина на станицата беше прекината поради безбедноста на пешаците.
- 23 јануари 2011 г.: Пешачката зона Акихабара на улицата Чуодори е отворена две и пол години по масакрот со панихида и нови правила.
Полициска станица
уредиПолициската станица Мансебаши (万世橋警察署 Manseibashi Keisatsusho) е станица на полицијата на Токио. Станицата го носи името на мостот Мансе (јапонски:万世橋 (Мансебаши)) кој се наоѓа во близина. Областа северно од мостот е Електричниот град Акихабара.
Станицата се наоѓа малку источно од мостот Мансе (35 ° 41'50 0,2 "N 139 ° 46'18 0,5" Е) од страната на Акихабара на реката Канда. Покрај полициската станица, во зградата се сместени и други владини канцеларии.
На почетокот, во април 1905 г. станицата била потстаница на полициската станица Канда. Една година подоцна била затворена, но повторно се основала во различни форми до јуни 1927 г. кога била основана како Полициска станица Канда Мансебаши. Откако била уништена во Втората светска војна во бомбардирање со оган на Токио била повторно преместена во станицата Канда. Во ноември 1948 г. станицата била повторно основана под сегашното име, Полициска станица Мансебаши.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Cybriwsky, Roman. Historical dictionary of Tokyo. Scarecrow Press, 2011.
- ↑ Makoto., Nakajima (2008). The Akiba : a manga guide to Akihabara (1. изд.). Tokyo, Japan: Japan Publications Trading Co. ISBN 9784889962499. OCLC 221155515.
- ↑ Goken.; 語研. (2008). Eigo de Akihabara o shōkai suru hon : guiding your friends around Akihabara in English (Shohan. изд.). Tōkyō: Goken. ISBN 9784876151721. OCLC 227282975.
- ↑ „Man stabs shoppers in Tokyo street, killing seven“. Reuters. June 2008. Посетено на 2017-10-19.
Дополнителна литература
уреди- JPT Staff, Makoto Nakajima (2008). The Akiba. Japan Publications Trading. ISBN 978-4-88996-249-9
Надворешни врски
уреди„Акихабара“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место на Акихабара (англиски)
- Go Tokyo Акихабара водич
Википатување има туристички водич за Токио/Акихабара.