Аеродром Ѓаковица
Аеродром Ѓаковица АМИКО (албански: Aeroporti i Gjakovës, српски: Аеродром Ђаковица) ― аеродром во селото Лугбунар, во близина на Ѓаковица во западно Косово.[б 1] Се очекува аеродромот да стане јавен во следните години, да се користи од нискобуџетни комерцијални авиокомпании и карго летови.[2][3]
Аеродром Ѓаковица Aeroporti i Gjakovës AMIKO Aerodrom Gjakova AMIKO | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Општо | |||||||||||
Тип | Воен | ||||||||||
Сопственик | Косово | ||||||||||
Оператор | Министерство за трговија и индустрија | ||||||||||
Опслужуван град | Ѓаковица | ||||||||||
Местоположба | Лугбунар | ||||||||||
Надморска височина | 1.370 ft / 418 m | ||||||||||
Координати | 42°26′07″N 020°25′39″E / 42.43528° СГШ; 20.42750° ИГД | ||||||||||
Писти | |||||||||||
| |||||||||||
Историја
уредиАеродромот бил изграден од страна на Косовските сили (КФОР) по Косовската војна во 1999 година, веднаш до постојниот аеродром што бил користен за земјоделски цели, и бил користен главно за воени и хуманитарни летови. На 18 декември 2013 година, аеродромот бил предаден на Владата на Косово од италијанските воздухопловни сили. Под операциите на италијанските воздухопловни сили, Аеродромот Ѓаковица управувал со повеќе од 27.000 авиони, 220.000 патници и превоз на повеќе од 40.000 тони товар.[4]
Месната и националната власт планираат да го понудат Аеродромот Ѓаковица за работа во рамките на јавно-приватно партнерство со цел тој да се претвори во цивилен и комерцијален аеродром.[5]
Од декември 2015 година, аеродромот е пријавен како затворен од косовските власти.[6]
Поврзано
уредиЗабелешки
уреди- ↑ Косово е предмет на територијален спор помеѓу Република Србија и Република Косово. Како странски протекторат, Косово прогласило независност на 17 февруари 2008 г, но Србија и понатаму не го признава и тврди дека е нејзина суверена територија. Независноста на Косово не е целосно признаена од меѓународната заедница. Досега го признале 113 од вкупно 193 земји членки на ООН.
Наводи
уреди- ↑ Airport information Архивирано на 4 март 2016 г. from DAFIF (effective October 2006)
- ↑ „Aeroporti i Kosovës në Gjakovë për cargo, çmime të lira dhe trajnime për pilotë“. Zëri.info. Архивирано од изворникот на 17 јануари 2015. Посетено на 20 август 2022.
- ↑ „Aeroporti Gjakovë, news report“. ABC News. Архивирано од изворникот на 2022-05-01. Посетено на 20 август 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Aeroporto AMIKO: passaggio di responsabilità“. Ministry of Defense, Republic of Italy. Архивирано од изворникот на 1 јануари 2014. Посетено на 20 август 2022.
- ↑ „Aktivitetet e Ministrisë së Tregtisë dhe Industrisë: Themelohet Ndërmarrja Publike "Aeroporti i Gjakovës"“. Ministria e Tregtisë dhe Industrisë. Архивирано од изворникот на 27 февруари 2015. Посетено на 20 август 2022.
- ↑ http://www.caa-ks.org/images/stories/docs/English/tjera/AIP/AIP%20AD%20072015.pdf[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Воздушна фотографија од аеродромот во Ѓаковица Архивирано на 14 октомври 2016 г.